Некои земјоделци иако имаат првосилни и извршни решенија не го добиле субвенциите и тоа по програми од претходните години. Имало и случаи кога државната платежна агенција, по првосилните извршни решенија на Управниот и Вишиот управен суд повторно ги носеле истите решенија на штета на земјоделците.
Токму за работењето на оваа агенција, според министерот за земјоделство Љупчо Николовски има голем број негативни критики од делегацијата на ЕК и од други меѓународни партнери.
Од вчеrа на директорското место е поставен Никола Бабовски, а целта е Министерството да ги зголемува капацитетите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за да може навреме да се исплаќаат субвенциите.
Николовски вели дека според бројките, во моментот се исплаќаат се повеќе заостанати субвенции од претходните години, отколку субвенциите предвидени за тековната година.
Досега на сметка на земјоделците се исплатени речиси 50 милиони евра за субвенции за 2016 година, а со уште 15 милиони евра ќе се прави порамнувањето на разликите меѓу пријавеното и констатираното на терен.
Николовски ги повикува сите земјоделци кои се соочиле со проблеми при исплатата на субвенциите да се обратат во Агенцијата за поддршка на земјоделството.

