Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И покрај ветото, С.Македонија да ги продолжи реформските процеси, велат експертите

0
By Biljana on June 23, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Очекувано и без никакви изненадувања“, вака познавачите на надворешните политики ја толкуваат вчерашната одлука на бугарската делегација да се држи до ветото за Северна Македонија на министерскиот совет за општи работи во Луксембург. Од Центарот за европски стратегии, „Евротинк“ очекуваат некакво поместување во однос на спорот по изборот на нова Влада во Софија.

„Шок и изненадување ќе имаше доколку ветото не се искористеше, така да вчерашните случувања се во рамките на очекувањата. Некое поместување во однос на спорот останува како задача на новата бугарска влада“, изјави за НОВА ТВ извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски.

Николовски додава дека ништо не ги спречува властите во земјава засилено да ги продолжат реформските процеси и европеизацијата на општеството, и истовремено, со помош од сојузниците од ЕУ, да продолжат да преговараат со новите бугарски власти.

„Уште еднаш се докажа дека бугарската страна има проблем да ги претстави своите аргументи со цел придобивање на подршка, така да нивниот меѓународен имиџ е значително нарушен. Ова може и да биде еден начин на добивање одредени отстапки од нивна страна, преку некаков “пазар” меѓу ЕУ и Бугарија, но такво нешто не очекувам да се случи во следните неколку месеци“, вели Николовски.

И Симонида Кацарска од Институтот за европска политика вели дека одлуката на Самитот била очекувана бидејќи бугарската техничка влада ја обзнани својата позиција уште минатата недела.

„Словенија како претседавач со Унијата од 1 јули најави дека ќе продолжи да работи врз основа на предлогот од Португалското претседателство, иако во Бугарија нема многу простор за тие дискусии со оглед на тоа дека следуваат повторно парламентарни и претседателски избори. Од наша страна, клучно е да избегнеме да паднеме во вртлог на само-сожалување и да ги мобилизираме внатрешните ресурси во догледно време за спроведување на значајните реформи во областите во кои процесот на ЕУ усогласување ни нуди можности за унапредување на внатрешната состојба“, рече за НОВА ТВ Кацарска.

Министерскиот совет за општи работи, на кој се разговараше и за проширувањето на ЕУ, не даде зелено светло за преговарачката рамка за Република Северна Македонија и за Република Албанија. Бугарскиот диломатски тим одби да го тргне ветото за земјава со образложение дека „ЕУ не ја разбирала длабочината на проблемот помеѓу Скопје и Софија“, посочувајќи притоа дека актуелната техничка влада во Бугарија нема мандат да го реши ова прашање.

Државниот секретар за европски прашања, Ана Паула Закариаш, пак на завршната прес конференција ја повика Словенија, како иден претседавач со Унијата, да ја продолжи дебатата и да го искористи португалскиот предлог кој пред еден месец им беше доставен на С.Македонија и на Бугарија, како можно решение за надминување на спорот меѓу двете земји.

Дека, словенечкото претседателство ќе го преземе португалскиот предлог, вчера во еисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 потврди и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, кој обелодени дека поддршката за нашата земја што ја дале 26 земји членки на Унијата, на вчерашниот состанок во Луксембург, била охрабрувачка.

Биљана Божиновска

ЕУ македонско-бугарски односи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.