Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во соработка со Католичката црква во Скопје организираше свечена церемонија по повод Денот на независноста на Украина.
Програмата почна во Католичката црква во Скопје со интонирање на украинската и на македонската химна.
Со минута молчење им беше оддадена почит на жртвите од руската агресија врз независна Украина.
Во културниот дел од церемонијата настапи украинскиот пијанист Игор Панченко, а е отворена и изложбанасловена „Пред / После“ која сведочи за уништеното културно наследство на Украина како резултат на руската агресија.
Настанот заврши со повик за солидарност со Украина во нејзината борба за слобода, независност и демократија.
Фото сесија на НОВА тв.мк / фотографии: ЦивилМедиа.мк