Исламската Држава презеде одговорност за денешниот напад во Лас Вегас, при кој, според последните податоци, загинаа 50 лица, а најмалку 406 се повредени.
ИД тврди дека извршителот на нападот пред неколку месеци преминал во Ислам, но не посочи докази за ваквото тврдење.
Полицијата како извршител на нападот го идентификува 64-годишниот Стивен Педок, кој се самоуби пред специјалците да упаднат во собата на 32. кат од хотелот „Менделеј Беј“, од каде тој стрелаше врз присутните на музичкиот фестивал во Лас Вегас.
Педок немал досие, а и никогаш не направил сообраќаен прекршок. Тој пред неколку години купил куќа во населбата Меските во сојузната држава Невада, каде најголмиот број од жителите се пензионери.
Педок е роден на 9 април 1953 година, а пред да се пресели во Меските, живеел во Рино и во градот Мелбурн на Флорида. По професија бил сметководител и имал дозвола за лов и рибилов, поради што и псоедувал цел арсенал на оружје.
Засега нема никакви информации за неговите верски убедувања.




