Самоубиец се разнесе пред американската амбасада во Анкара, при што двајца луѓе се убиени, а една жена е во критична состојба, соопшти полицијата.

Бомбашот-самоубиец Ецевит Санли бил член на забранетата милитантна комунистичка партија на Турција Движење за народно ослобовување, дозвна агенцијата Анадолија.

Турскиот министер за внатрешпни работи Муамер Гулер соопшти покрај бомбашот, во експлозијата загинал и член на обезбедувањето Мустафа Акарс, а новинарката Дидем Туркај е тешко повредена. Тој додаде дека уште двајца обезбедувачи се полесно ранети.

Според сведоците експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец кој според моменталните информации е мртов.

Ројтерс ги пренесува турските новински агенции, според кои има и други жртви.

Како што јавуваат турските медиуми, експлозијата не предизвикала штета внатре во амбасадата, но полицијата во целост го изолирала подрачјето.

Се уште ниту една организација не ја презела одговорноста за овој напад.