Извршителот на синоќешниот напад на париската авенија Шанзелизе е идентификуван како 39-годишниот Карим Шерфи кој живеел во Ливри-гарган во Сен сан Дени во парискиот регион. Како што објави Ројтерс тој и претходно бил осудуван за напад на полицијата.
Шерфи живеел со мајка му и пред 16 години служел казна затвор за напад врз службено лице.
Францускиот обвинител Франсоа Молен изјави дека во тек е истрага дали тој имал соучесници.
Според портпаролот на Министерството за внатешни работи на Франција, напаѓачот пристигнал со автомобил, по што веднаш започнал да стрела од автоматско оружје врз полициската патрола која се наоѓала во автомобил. притоа тој убил еден полицаец, а двајца повредил.
За време на неговиот обид во бегство бил застрелан од страна на другите полицајци од патролата.
Во меѓувреме на полицијата во Антверпен и се предаде лице чија фотографија се појави на социјалните мрежи како вториот осомничен за нападот. Но белгиското Обвинителство објави дека ова лице нема врска со нападите и дека не е дел од истрагата.




