Нашиот реномиран бас, Игор Дурловски, е на интензивни подготовки во операта во Лајпциг каде ќе дебитира на 16. февруари во улогата на Кралот на самовилите во вагнеровата прва опера „Самовилите“.

Проектот претставува копродукција помеѓу родниот град на Вагнер, Лајпциг, и еден од најголемите оперски фестивали “Bayreuth Festspiele”.

“Среќен сум што сум дел од вагнеровиот јубилеј по повод 200 години од неговото раѓањето, кој се слави во неговиот роден град Лајпциг. Го сметам ова за едно од моите најголеми достигнувања бидејќи фестивалот важи за еден од најзначајните настани воопшто“, изјавува Дурловски.

Диригент на претстава е Улф Ширмера а премиерата ќе биде директно емитувана на државната германска телевизија MDR.