Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Игор Рудан: Ковид-19 да се сфати внимателно и сериозно, без претеран страв и паника

0
By Нова ТВ on March 11, 2020 СВЕТ
Фото: hr.n1info.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Игор Рудан, врвен хрватски научник и епидемиолог, со одговори на 20 актуелни и клучни прашања во врска со коронавирусот. Член е Кралското друштво во Единбург и двигател на т.н. „Школа за 21 век“ и за порталот „index.hr“ ги објаснува причините кои доведуваат до недоразбирање или предизвикуват одредена збунетост во врска со новата пандемија Ковид-19. Вели дека актуелниот коронавирус што се шири низ светот е седми кој настојува да се вдоми во човечката популација, да се прилагоди и да го користи човекот како свој резервоар.

„Постоиме на сина планета во големиот темна вселена што ја делиме со уште десетина милиони други видови. Сите тие настојуваат да живеат. Повеќе од 99 отсто од сите видови кои живееле на Земјата не преживеале до денеска. Затоа и вирусите мора да скокаат на нови видови и да ги прошируваат своите резервоари во кои егзистираат. Притоа мора да бираат победнички видови, бидејќи самостојно не може да се размножуваат. Опстанокот им зависи од преживување на видот што им е резервоар. А, луѓето брзо се шират и размножуваат. Од околу една и пол милијарда, нараснавме на околу седум и пол милијарди во последните 130 години. Притоа продираме секаде, сечеме шуми, сушиме мочуришта, ловиме од забава, ја намалуваме вкупната биоразличност, го отежнуваме преживувањето на другите, за да нè има се повеќе. Срежа по нас, првите четири коронавируси што се појавија, беа причина за обични настинки и никој не ги сметаше за сериозна закана по јавното здравје“, вели Рудан во врска со дилемите дали науката можеше да очекува пандемија од Ковид-19.

Последните два коронавируса што се појавија во светот, Рудан смета дека биле изненадување и за научниците и за стручњаците. САРС, нагласува тој, беше тежок акутен респираторен сидром, а МЕРС беше блоскоисточен акутен респираторен синдром кои успеаја да минат на луѓето и наместо настинки можеа да предизвикаат тешки воспаленија на белите дробови со фатален исход.

„Стапката за смртност кај двата вируса беше застрашувачка, двата можеа да предизвикаат ужасен помор на луѓе, доколку слуќајно се проширеа врз целокупната светска популација. Коронавирусот што го предизвика САРС имаше свој резервоар во лилјаците кои во зимскиот период хибернираат во пештери. Тогас никој не ги лови и конзумира. Но, тој успеа да мине на мачки по што успеа да го зарази и фармер во кинеската провинција Гуангдонг. Потоа САРС се прошири во 20 држави и зарази над 8.000 лица од кои умираше секој десетти. Тоа беше петти коронавирус и прв кој можеше да убие човек. Десетина години подоцна, во Саудиска Арабија, се појави МЕРС. На луѓето мина од камили во пустина. Исто така се прошири во повеќе од 20 држави, зарази околу 2.500 лица и секое трето беше со мсртни последици“, појаснува еден од најцитираните хрватски научници.

Покрај стапките на смртност, Рудан укажува дека САРС не беше некаков изолиран инцидент со коронавирус кој може да се заборави, туку дека коронавирусите станаа најважен потенцијален непријател на човекот. Па, доколку се преширеа низ светот, ќе заразеа милијарда луѓе, истакнува тој. Со нив, вели, човештвото имаше доста среќа. Хрватскиот епидемиолог се навраќа на почетоците на Ковид-19 кој потсетува дека се појави околу рибен пазар во 11 милионскиот Вухан кон крајот на 2019 година. Заклучок што потоа се донесе беше дека болеста се шири брзо и секое инфицирано лице може да зарази двајца-тројца други.

„Такво ниво на инфективност е високо и доведува до брз раст на епидемијата. Имаме несреќа што Ковид-19 очигледно успева да се шири и во периодот на инкубација, веројатно со допир. Инкубацијата во просек трае пет дена, но незгодно е кога трае подолго. Не е невообичаено да трае и две недели, но има описи на случаи на инкубација и до четири недели, период во кој носителот на вирусот може да го пренесува пред да се појават симптоми. Ако постојат заразани кои не развиваат симптоми, ќе биде многу тешко да се запре оваа пандемија додека не се пронајде вакцина. Заклучок е дека инфективноста, т.е. способноста на трансфер на вирусот од заразени на здрави лица е значително поголема одошто беше случај кај САРС и МЕРС. Но, затоа веќе со сигурност знаеме дека стапката на смртност на Ковид-19 е значително помала во однос на САРС и МЕРС.

Ситуацијата, смета Рудан, треба да се сфати сериозно и да се биде внимателен, но нема причина за претеран страв и особено не паника. Изразува разбирање на стравувањата меѓу луѓето кои пандемијата веројатно ја сметаат за тотално непозната ситуација која може да изроди било што. Меѓутоа не верува дека може да се случи кој знае колку многу за што науката не би можела да пронајде објаснување и одговори, а епидемиолошките служби да реагираат навремено.

„Ако новиот коронавирус успее да ги заобиколи бројните мерки на превенција што се моментно на сила, бројот на жртви би требало да биде како и бројот на жртви од грип или од сообраќајни несреќи за истиот период. Затоа е препорачлива одредена здрава претпазливост. За разлика од гриповите, новиот коронавирус ни е непознат и внимателни сме за да не нè изненади. Притоа, најзагрозените меѓу нас кои се болни или многу стари, не се заштитени со вакцина, како што е случај со грипот, па затоа и болеста полесно може да предизвика смрт“, појаснува Рудан.

Истовремено се осврнува и на дилемата „дали Ковид-19 е значително поопасен од грипот“. Ваквото прашање, вели, се наметнува од самиот почеток на коронавирусот, бидејќи многумина гледаат во разни бројки без доволно разбирање на нивната позадина и се споредува неспоредливото.

„Најпрво јавноста општо потценува колку грипот е опасна и тешка болест, посебно за најчувствителните, возрасни и болни луѓе. Грипот во светот предизвикува меѓу 250.000 и 650.000 смртни случаи, во зависност, секако, од типот што циркулира. Разни типови може да предизвикаат благи или тешки симптоми, а вирусите мутираат од година во година. Меѓутоа на грипот настојуваме да се подготвиме, така што најзагрозените ги вакцинираме пред сезоната на грип. Затоа и бројот на починати од грипот го намалуваме со превентивна здравствена инервенција, т.е. со вакцини, а тоа во случајот со Ковид-19 не можеме да го правиме. Тоа е првата причина зошто грипот се чини помалку опасен. Втората причина е што бројот на директно починати од грип е неколкупати помал од бројот на посредно починати од грип. Во статистиките за причини за смрт, грипот често не се наведува како директна причина ако довела до влошување на некои веќе долготрајни присутни хронични болести кои се посочуваат како примарна причина за смрт, а не грипот. Третата причина е што за вкупниот број на заразени од грип во општеството имаме значително подобра идеја отколку за коронавирусот“, истакнува Рудан.

Епидемилог Иван Рудан Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.