Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот во Валандово ќе се одржи

1
By Нова ТВ on December 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нема да дискутира за иницијативата на повеќемина истакнати актуелни и поранешни пратеници и функционери на партијата за одлагање на партискиот конгрес кој е закажан за 22 и 23.декември во Валандово.

„Извршниот комитет дискутираше во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери. Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет кој одлучи истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет на партијата. Извршниот комитет ја разгледа и информацијата околу подготовките за одржување на Вонредниот 16 Конгрес кој ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово“, информира ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, тие ги осудиле „нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам“.

„Ваквиот однос на властите кон притворените е директно кршење на човековите права и газење на нивното достоинство и претставува уште еден доказ дека не станува збор за правен случај, туку за класична политичка одмазда кон неистомисленици и луѓе кои не се плашеле гласно да го кажат своето несогласување со актуелните политики“, се вели во соопштението на партијата.

Воедно ИК одлучил дека партијата мора да продолжи да презема чекори со кои ќе го привлече вниманието на домашната и меѓународната јавност за како што сметаат, недемократското и репресивно однесување на хунтата на власт и злоупотребата на институциите и целокупниот државен апарат, вклучувајќи ги и правосудните органи.

На Централниот комитет пак, денеска ќе биде презентирана анализата на партијата за изгубените локални избори на која што изминатиов период работел поширок тим.

„Анализата опфаќа куса, сублимирана верзија за причините за изборните резултати, но и детална обработка на информациите и согледувањата по Општински Комитети“, тврди партијата.

ВМРО-ДПМНЕ Конгрес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.