Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Или-или“ го објави романот „Бели заби“ од Зејди Смит

0
By on May 11, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Издавачката куќа Или-или го објави романот „Бели заби” на познатата британска авторка Зејди Смит. Ова е втора книга на македонски јазик од оваа наградувана писателка, по книгата „Собирач на автограми” која пред неколку години исто така ја издаде Или-или.

Зејди Смит е родена во северозападен Лондон, каде што живее и денес. Авторка е на неколку романи, една збирка раскази и неколку книги со есеи. Нејзиниот прв роман, „Бели заби” (2000), е добитник на наградата “Витбред” за дебитантски роман, на меморијалната награда “Џејмс Тејт Блејк” за книжевност и на “Наградата на писателите на Комонвелтот” за дебитантски роман, и со тоа се вброи меѓу најдобрите сто романи напишани на англиски јазик во втората половина на XX век. Во 2002 година следеше „Собирач на автограми“, со кој Смит се етаблираше како една од најавтентичните и најуспешни британски авторки.

Нејзиниот трет роман, За убавината, во 2005 година беше во најтесниот избор за доделувањето на “Букеровата награда за литература”. Минатата, 2012 година, излезе нејзиниот нов роман, насловен „NW“.

За романот „Бели заби”, критиката пишува:
„Првиот роман на Зејди Смит предизвика голема полемика меѓу критичарите, кои го споредуваа со делата на Чарлс Дикенс, Салман Ружди, Џон Ирвинг… Но, со својот кристално јасен стил, филозофската длабочина и многубројните чудесни, преплетени приказни, младата авторка докажа дека поседува сопствен, уникатен писателски глас, кого светот уште долго ќе го слуша и ќе го памети.” The New York Times

„Бели заби е прекрасен роман, пребогат со мали и големи приказни, растегнат на неколку континенти и низ неколку векови, преполн со хумор, топлина и човечност. Приказна за пријателството и семејството, за домот и љубовта, и за сите нешта кои полека исчезнуваат во нашиот модерен, брз, немирен живот.” The New York Times Book Review.

Книгата на Зејди Смит издавачот ја нуди на „Саботното мени“, програмата за попусите на книги на „Или-или“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.