Published: Friday, December 28, 2018 08:18
Повеќе од 1.000 летови беа откажани, а 4200 летови беа одложени поради зимска бура која од саботата ги погоди САД.
Бурата предизвикала поројни дождови и грмотевици, а метеролозите предупредија на ризик од поплави во југоисточниот дел на САД, вклучувајќи ги Тексас, Луизијана, Мисисипи и Алабама.
Беше издадено предупредување за можна појава на торнадо во Централна и Југозападна Луизијана и во Југоисточниот Тексас.
Гувернерот на Канзас прогласи вонредна состојба.




