Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илјадници учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта, Орбан ги негира, западните амбасади ги поддржаа

0
By Соња Крамарска on July 23, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На високи температури, илјадници Унгарци учествуваа на годишниот марш на гордоста во Будимпешта, ветувајќи дека ќе ја продолжат својата борба против владините политики за правата на ЛГБТ кои наидоа на осуда и од ЕУ.

Европската комисија ја тужеше Унгарија претходно овој месец поради законот усвоен минатата година за ограничување на наставата за хомосексуалноста и трансродовите прашања во училиштата, најновата мерка против ЛГБТ што ја донесе владата на премиерот Виктор Орбан.

Законот беше најавен од неговата администрација како начин за заштита на децата, но групите за човекови права рекоа дека тој ја дискриминира ЛГБТ заедницата и беше означен како „срам“ од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Толпата маршираше низ главниот град со знамиња од виножито и чадори на температури од 40 степени Целзиусови.

Владејачката Демохристијанска партија на Орбан, Фидес, која победи на изборите во април, вели дека правата на ЛГБТ и други такви социјални прашања се прашања за националните влади да одлучуваат во Европската унија.

Орбан, кој е на власт од 2010 година, дел од својот изборен успех го должи на цврстата политика кон имиграцијата и промовирањето на социјални политики за кои вели дека имаат за цел да ги заштитат традиционалните христијански вредности од западниот либерализам.

Во говорот денес во Романија, Орбан рече дека големите предизвици со кои се соочува Унгарија се демографијата, миграцијата и родовата политика, заедно со војната во Украина и економските проблеми.

Десетици амбасади акредитирани во Будимпешта издадоа заедничка изјава за поддршка на ЛГБТ заедницата пред денешниот марш.

„Ја изразуваме нашата целосна поддршка за членовите на заедницата на лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир и интерсексуалци и нивните права на еднаквост и недискриминација, слобода на изразување и мирно собирање“, се вели во соопштението што го издаде амбасадата на САД во Будимпешта. (Си-Ен-Ен)

Будимпешта Парада на гордоста
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.