Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има предлози за спорните споменици од Скопје 2014-еден од нив е Ќосето

1
By Нова ТВ on September 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 18, 2017 15:30

Петчлена работна група во Министерството за култура го анализира проектот „Скопје 2014“ и ќе му пристапи во фази и по приоритети. За некои споменици и објекти кои се најспорни и за кои има реакции и од јавноста, веќе има првични предлози како да се решат, но ќе ги разгледа и за нив ќе одлучи Владата.

– Тоа е споменикот на Андон Јанев Ќосето, како и на проектите кои се во различни фази на изградба, со што се уште се создаваат финансиски импликации врз државниот буџет. Поради комплексноста на какви било интервенции на дел од објектите, се договоривме работната група да изготви повеќе можни сценарија за некои од нив, а Владата да донесе одлука што конкретно и поединечно со овие проекти, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски на прес-конференцијата по повод сто дена Влада.

Тој не сакаше да открие повеќе детали, пред како што рече, да разговара со премиерот Зоран Заев откако и двајцата ќе се вратат од своите службени патувања во Кина, односно САД.

– Бидејќи се работи за сложен проект што се состои од илјадници споменици и нова културна инфраструктура, на проблемот му приоѓаме многу внимателно. Токму во таа смисла, проектот „Скопје 2014“ не е вклучен во новата стратегијата за развој на културата. Ние го сметаме овој проект како еден вид вирус што прво треба да го ставиме во карантин, да го третираме изолирано, па откако ќе неправиме одлуки што понатаму со овој проект може, евентуално, да го планираме во идниот развој, рече Алаѓозовски.

На новинарско прашање за Музејот на вода во Охрид, кој е во надлежност на Завод и музеј-Охрид, Алаѓозовски одговори дека новиот состав на Национална комисија на УНЕСКО ќе го разгледа и проблемот со состојбата на овој музеј, во рамки на решавањето на севкупниот проблем со загрозеноста на статусот на Охрид, како дел од листата на УНЕСКО.

Андон Ќосето Роберт Алаѓозовски Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.