Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беса Арифи: Императорско помилување

14
By Нова ТВ on April 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колумна на Беса Арифи – Доцент во областа на казненото право во Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Општата одлука на Претседателот Иванов да помилува 57 лица со 41 посебни одлуки за помилување донесени на ист ден, соопштени со крајно конфузно правно недообработено и противречно јавно обраќање до граѓаните е скандалозно од правен аспект прво и основно бидејќи претставува противуставно и противзаконско постапување на шефот на државата за што се сноси и казнено-правна одговорност за конкретни казнени дела (член 353 и 369 од КЗРМ). Првната скандалозност на таквата одлука, или поточно кажано, одлуки, се сведува на повеќе материјални и формални проблеми поврзани со институтот на помилување и со наведените 41 одлуки за помилување.

Прво, Претседателот непростливо ги измешал институтите кои одредуваат ситуации во кои се дава амнестија, помилување или аболиција.

Имено во неговото обраќање тој во повеќе наврати кажува дека донесува “амнестија за лице кое веќе е правосилно осудено,”, донесува “одлука со која се извршува општ прекин на сите постапки меѓу политичарите и нивните соработници или поддржувачи, од спротиставените страни”, итн. Општоста на таквата одлука е неспорна, неспорен е и фактот што се мешаат и самите поими амнестија и помилување.

Изгледа Претседателот многу одамна полагал казнено право па заборавил дека амнестијата е општ акт кој го донесува Собранието на РМ во форма на закон, додека пак помилувањето се дава поименично за конкретни казнени дела и според постапка определена со Законот за помилување. Таквата разлика не е спорна дури ни за Уставниот суд кој во својата фамозна Одлука за укинување на Законот за измена и дополнување на Законот за помилување во точка 5 истакнува:

“Помилувањето е поврзано со индивидуализација на сторителите на кривичните дела, а не со општо набројување на кривичните дела кои се елиминираат од помилувањето, бидејќи општоста е елемент на амнестија а не на помилувањето”.

Не навлегувам во одредувањето на делата за кои се можни вакви институти бидејќи порано сум изразила став за таа работа, но сепак, една работа не е спорна за Уставниот суд ниту во најлош негов момент, а тоа е дека амнестијата е општ акт додека пак помилувањето е поединечен акт.

Претседателот на некој начин се потрудил да го покрие тој елемент на поединечност со донесувањето на 41 посебни одлуки, но сепак, самата постапка и политичкото образложение што се дава околу тоа кажуваат јасно дека de facto се работи за амнестија.

Второ, сите одлуки кои се објавени се повикуваат на истата правна основа: член 84 став 1 алинеја 9 од Уставот на РМ, член 1 и 11 од Законот за помилување од 1993 година а во врска со член 114 став 1 на КЗРМ. Со оглед на тоа што во сите случаи се работи за Одлуки за помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка, јасно е дека членот 11 е клучна правна основа врз која се потпира секоја од истите одлуки.

Пред да објаснам зошто таквиот член е ништовен и со тоа самата одлука за такво помилување е ништовна, би сакала да обрнам внимание на ситуацијата во која Претседателот со овие одлуки го крши самиот член на кој се повикува иако нема воопшто право да се повикува во истиот. Имено, во тој член 11 кој постоеше порано во Законот за помилување од 1993 година пишува:

“Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано”. Се вели “по исклучок”!

Помилувањето на 57 лица по овој основ за еден ден и појаснувањето дека на ист начин ќе се постапи и со идните случаи кои ќе се појават не изгледа многу како исклучок. Повеќе изгледа како воспоставување на ново правило со кое се прогласува имунитет за одредени видови на криминал и за одредени лица со определени обележија; имунитет, за криминал на белите јаки, имунитет за политичари кои ќе се затечат во вршење на тешки казнени дела.

Да не навлегувам во “државните интереси” тоа да се прави, или пак во посебните околности што би оправдувале работи кои на ниеден начин не може да се оправдат.

Трето, не е случајно што токму членот 11 од сите члена на Законот за помилување од 1993 година беше потполноизбришан со Законот за измена и дополнување на Законот за помилување од 2009 година (другите члена беа само менувани).

Таквата арбитрарност на одлуката на Претседателот го става него над судската власт и воспоставува ситуација во која нема никаков контролен механизам со што шефот на државата би бил спречен да не го злоупотреби правото на помилување. Во одлуката на Уставниот суд за укинување на ЗИД на Законот за помилување мнозинството на судиите кои гласале за одлуката, во ниеден дел на нивното образложение не се задржуваат на членот 11. Тој член се спомнува во Издвоеното мислење на четирите судии кои не ја потпишаа таа срамна одлука.

Меѓутоа и потписниците на Издвоеното мислење се во заблуда дека всушност членот 11 се враќа во сила. Професорот Шкариќ во своите излагања од теоретски аспект образложи дека тоа не е така, дека Уставниот суд не може да оживее правни норми кои се претходно укинати зо измени во законодавството.

Интересна коинциденција е фактот што Уставниот суд со свое не многу одамна донесено решение по друг предмет го потврдува токму тоа што го кажува познатиот уставничар. Имено, во решението број 97/2011-0-0 од 29.02.2012 година, Уставниот суд на РМ ја отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 6 став 1 и членот 10 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурувањето во случај на невработеност. Во образложението Судот објаснува:

“Од содржината на оспорените одредби […] произлегува дека тоа не се норми кои уредуваат односи, туку норми кои констатираат престанок на важење на делови од одредби кои во минатото биле во содржината на одредбите со кои се уредувало одредено право на конкретен и со закон утврден начин, па оттука според Судот, тие норми не се подобни за уставно судска анализа.

Во конкретниов случај, со иницијативата всушност се бара Судот да ги укине оспорените одредби од Законот и да ги врати во важност претходно важечките одредби…кои ги содржеле деловите кои со оспорените одредби се бришани.

Имајќи предвид дека согласно членот 110 од Уставот, Уставниот суд не е надлежен да врши законодавна функција и да нормира прописи, со враќање во сила на оние одредби кои повеќе не се во правниот поредок, ниту пак, има процесни претпоставки да постапува по иницијативата, односно да ја цени уставната основаност на бришаните одредби и од друга страна уставната основаност на одредбите со кои тие биле бришанi од Законот, како и оправданоста на овие законски решенија, Судот оцени дека во конкретниот случај се исполнети условите од членот 28 алинеи 1 и 3 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата.”

Ова јасно покажува дека самиот Уставен суд со свое решение утврдил дека не е надлежен да враќа во сила одредби кои повеќе не се во правниот поредок. Во однос на Законот за помилување имаме идентична ситуација, каде што се укинува Закон за измена и дополнување без притоа да се објасни дека избришаните или променетите членови на законот кој бил изменет не се враќаат во сила.

Со тоа самиот Уставен суд докажува дека клучниот правен основ на сите 41 одлуки на Претседателот е ништовен, па според тоа и самите одлуки се ништовни. Тоа што треба да се случи е Уставниот суд да утврди таква ништовност што тешко дека ќе го видиме во реалноста во која живееме.

Четврто, Одлуките на Претседателот за помилување-аболиција без спроведување на постапка имаат повеќе формални недостатоци. Како што беше објаснето погоре, правниот основ не постои, односно, донесување на таква одлука без спроведување на постапка (без истата да биде иницирана од Министерот за правда) е правно невозможна.Апсурдот е што таквото невозможно постапување, всушност во реалноста веќе се слулило и веќе произведува правна сила.

Понатаму, одлуката за помилување мора да се повикува на точно одредено казнено дело (со точно утврден број), што не е случај со овие одлуки во кои нема никакво сознание за кои дела лицата се помилуваат. Како што и Уставниот суд воспоставил, помилувањето е институт на индивидуализација, па затоа е многу важно истиот да биде даден поединечно.

Одлуките на Претседателот даваат помали групни помилувања за кои не се образложува по кои основи помилувањето е дадено на одредени лица и од кои причини. Казнената одговорност е индивидуална и субјективна, па затоа Претседателот е должен да објасни заради кои причини дава помилување на точно одредено лице и да воспостави по што истиот се разликува од други лица кои не добиваат помилување.

Такво образложение не е дадено во ниедна од одлуките. Можеби Претседателот е во правна заблуда не само заради тоа што мисли дека има право да помилува без постапка, туку и заради тоа што мисли дека таквата негова одлука не мора да ја образложи што е потполно неточно. Одлуката за помилување секогаш мора да биде образложено а дотолку повеќе ако има основ истото да се даде без претходна постапка (пак ќе повторам, таков основ не постои), инаку тоа би претставувало акт на потполно арбитрарно самоволие на шефот на државата, наместо тоа да претставува инструмент на правдата.

Ваквиот начин на постапување на Претседтелот го докажува токму таквото самоволие карактеристично за апсолутните монархии на робовладетелските и феудалните режими. Во таква реалност преостанува  само еден начин на ставање крај на тоа самоволие, а тоа е донесување на законик како Францускиот Кривичен законик од 1791 година во кој не се предвидувало ниту амнестија, ниту помилување а камо ли аболиција, туку сè се сведувало на основниот принцип на законитост. Но за да се доаѓа до таа реалност, мора претходно да ни се случи годината 1789!

Иванов помилување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.