Инаугурацијата на првиот црн американски претседател на САД предизвика гужва во продавниците за сувенири во Вашингтон, но и во другите американски градови.

Сувенирите поврзани со Обама во Вашингтон и во Њујорк се продаваа како алва.

Сега, кога се подготвува втората инаугурација на Барак Обама во Белата куќа, за продавниците на разновидни сувенири е предизвик да ја постигнат истата продажба и за вториот мандат на Обама.