Published: Friday, November 14, 2014 11:07
Пред Владата во Србија на улицата Кнез Милош во Белград утрово се појавил човек со пиштол вперен во воздухот. По разговорите со полицијата, човекот го фрлил пиштолот и се предал, јавува РТС.
На местото пристигнало големо присуство на полиција, специјално обезбедување и Итна помош. Реагирало и обезбедувањето на Владата.
Сообраќајот во тој дел на градот е привремено блокиран, а се уште нема информации за причините за инцидентот.




