Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индиции дека УМС организирала летна школа со европски пари, ВМРО-ДПМНЕ негира

0
By Нова ТВ on July 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 11, 2020 11:55

Според порталот „А1он“, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ минатата година организирала летна школа со пари кои од Еразмус биле наменети за невладина организација која се занимава со органско производство.

Владо Мисајловски, Александар Николоски, Тамара Михајловска, позната по изборниот спот со лидерот на партијата Христијан Мицкоски, се само дел од присутните на настанот во август 2019 година на кој присуствуваат 150 луѓе во хотел во Струмица.

https://www.facebook.com/UMSVMRODPMNE/videos/484291619039671/

Видеото се шири на социјалните мрежи вклучително со стотици фотрографии, а придружено со коментари дека првата летна школа на младите сили на партијата била завршена со „многу нови знаења, вештини и нови пријателства“.

И сето ова ќе беше во ред, ако на само еден краток дел од видеото не се гледаше логото на „Еразмус“ – програма со која со европски пари Националната агенција за европски образовни програми дава грантови за различни проекти.

Ова видео под сомнеж го става прашањето дали со европски пари бил финансиран дводневен партиски настан, под превезот на грант што претходно го добила невладина организација.

Лидија Димова, директорка на Националната агенција, во изјава за „А1он“ тврди дека е и самата е изненадена од тоа што го гледа на видеото и дека во тек е интерна истрага за скандалозното појавување на логото на „Еразмус“ на ваков собир.

„Спотот што ни го испративте е од Школата на млади сили на УМС, но и ние забележавме дека на истиот се гледаат плакати од проект финансиран од ‘Еразмус’. Инаку, стануваше збор за проект со кој беше грантирано Здружение за образовни активности – ‘Форум за истражување и мобилност“ од Битола, кој требаше да поттикне создавање на компании за органско производство и претприемачки дух кај луѓето“, вели Димова.

Од ВМРО-ДПМНЕ во писмен допис тврдат дека невладината организација не се јавува како донатор на летната школа и дека истото ќе биде поткрепено со документи, но по завршувањето изборите.

„Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ остварува соработка со многубројни фондации и здруженија на граѓани. Здружението кое што го посочивте не се јавува како донатор на летната школа во Струмица, нити пак на каков бил друг настан организиран од партијата. ВМРО – ДПМНЕ ги поддржува сите свои членови во нивното слободно време да учествуваат на што е можно повеќе обуки со цел истите да се стекнат со дополнителни знаења и вештини“, велат од партијата.

 

ВМРО ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.