Инфлацијата во Босна и Херцеговина се зголеми на 16,8 отсто во јуни 2022 година, достигнувајќи го највисокото ниво досега, покажуваат податоците на Федералната агенција за статистика.
Во споредба со мај, потрошувачките цени во БиХ се зголемени во просек за 1,7 отсто, пишува Klix.ba.
Најголем раст е забележан кај цените на превозот од 5,1 отсто, потоа домувањето, водата, струјата, гасот и другите енергетски производи за 3,9 отсто, мебелот, апаратите за домаќинство и редовното одржување на домот (2,4 отсто), рестораните и хотелите (1,7 отсто), алкохолни пијалоци и тутун (1,2отсто), рекреација и култура (0,95 отсто) и храна и безалкохолни пијалоци (0,4 отсто).
Останатите стоки и услуги поскапеа за 0,2 отсто, а здравството и образованието по 0,1 отсто.