Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Инфомигрантс“: Мигранти одново кон балканската рута преку Идомени

0
By Нова ТВ on July 22, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мигрантите постојано се обидуваат да ја преминат грчката граница кон Северна Македонија во реонот на Идомени. Тие во ноќните часови во групи се обидуваат да се качат на возовите како слепи патници или да ја пробијат оградата долж границата, објави порталот „Инфомигрантс“.

„Тие скокаат на возовите и покрај ризикот да ги удри струја при допир на високонапонските кабли“, вели за порталот машивозач, кој неодамна открил група мигранти во неговиот воз.

Сепак, од оние што ќе успеат да ја минат границата, најчесто се пресретнувани од полициските патроли во земјава кои потоа ги враќаат назад во Грција.

„Таков е случајот со пакистанскиот мигрант Муса, кој успеал да мине во Северна Македонија преку дупка во граничната ограда. Но, бил фатен. Тој вели дека прво бил „претепан од полицијата во Северна Македонија, а потоа и од Грците“ кога бил вратен преку границата“, наведува „Инфомигрантс“.

Порталот го наведува и примерот на 20 годишниот Сириец, Абдула кој повеќе дена се криел во трошна зграда во близина на железничката станица во Идомени, чекајќи го „вистинскиот момент“ за да ја мине границата и преку т.н. балканска рута да замине за Западна Европа.

„Ќе направам се, за да ја преминам границата“, вели Абдула.

Според порталот, тој не е единствен случај, бидејќи цели семејства на мигранти престојуваат долж пругата или во напуштените вагони во близина на железничката станица во Идомени, а штом ќе се појават патроли на грчката полиција, тие се распрснуваат низ околните полиња.

„Малото грчко село Идомени лежи на границата меѓу Грција и Северна Македонија. Во 2015 година стотици илјади мигранти и бегалци минаа низ ова подрачје движејќи се пеш кон Европа. За да биде спречен големиот прилив на мигранти во Европа, ЕУ и Турција во март во 2016 година склучија договор, со кој земјите од Унијата ги затворија своите граници за бегалците, а Грција изгради ограда долж нејзината северна граница“, додава порталот.

„Инфомигрантс“ потсетува дека во 2015 година, Идомени беше главна точка за прилив на бегалците кои од Грција сакаа да заминат кон Западна Европа.

„Во тоа време таму имаше импровизиран камп со повеќе од 13.000 луѓе, се додека кампот не беше евакуиран од властите во мај во 2016 година. Мигрантите и бегалците беа присилно преместени во алтернативни сместувалишта ширум Грција, а шаторите беа отстранети со булдожери“, наведува порталот.

Но, според „Инфомигрантс“, сега Идомени одново станува главен канал за мигрантите и бегалците. Локалниот жител Лазарос Олис вели дека во Идомени секојдневно пристигнуваат по околу 200 луѓе.

„Некои поставија и шатори на полињата. Се плашиме дека Идомени повторно ќе прерасне во камп“, изјави Олис.

балканска рута Грција Идомени Македонија Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.