Published: Tuesday, August 15, 2017 10:05
Германскиот хемиски гигант БАСФ соопшти дека нема да побара од Европската комисија продолжување на дозволата за употреба на фипронил во третирање на семенскиот материјал.
Оваа одлука доаѓа поради скандалот со контаминираните јајца во земјите членки на Европската унија.
– БАСФ од деловни причини одлучи да не ја продолжи регистрацијата на (фипронил) за третирање на семињата во Европа, изјави портпаролот на германската компанија, додавајќи дека сегашната дозвола истекува на 30-ти септември.




