Главниот инспектор задолжен за истрагата на масакрот врз редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“, Ерлик Фред, изврши самоубиство, пренесува Танјуг.
Инцидентот се случил во Лимонж, во канцеларијата на инспекторот во четвртокот вечерта, непосредно по состанокот кој Фред го одржал со семејството на еден од жртвите.
Според полицијата, Фред извршил самоубиство пред да го напише извештајот за она што му го соопштило семејството на настраданиот.
Тој својата полициска кариера ја започнал во 1997 година, во Версај, а подоцна се вратил во Лимож, каде од 2012 година работел како заменик директор на регионалната полиција.
Француските медиуми наведуваат и дека 45 годишниот инспектор имал проблеми со депресија, додека од полициските служби било соопштено дека претставниците биле во потполност шокирани и дека никој не се надевал на ваков тек на случувањата.
Нападот врз редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, се случи на 7.јануари во кој беа убиени 10 новинари и полицајци, а при потерата по терористите, бројот на загинати се зголеми.




