Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инспиративни филмски приказни на „Браќа Манаки“ од Африка до Бугарија

0
By Нова ТВ on September 27, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 27, 2017 14:04

Филмовите „Фелисите“, од главната компетиција за награди, снимен во Африка и „Ѕверот е се уште жив“ од документарната програма,  денеска поттикнаа интересни дискусии со гоститите на Фестивалот за предизвиците на снимањето филм во Африка, како и комунистичкото минато турнато под тепих во Бугарија.

Филмот „Фелисите“ на францускиот режисер Алан Гоми, добитник на Сребрена мечка во Берлин, заедно со кинематограферката Селин Бозон даде интересен приказ на Африка, или како што рече и самата кинематограферка, ги урна клишеата и ни ја прикажа Африка во сурово и веродостојно издание.

-Се работи за филм во кој документарниот аспект и приказот на Киншаса е исто толку значаен колку и приказната. Работата на овој филм мене лично ми отвори нов, магичен свет. Во мојата кариера сум патувала во многу земји, но Африка е нешто незамисливо и посебно – рече Селин Бозон.

Мина Милева и Весела Казакова се режисерското дуо кое стои зад документарниот филм  „Ѕверот е се уште жив“, кој во Бугарија предизвика реакции поради специфичноста на темата која ја обработува – комунистичкото минато на Бугарија.

Двете режисерки беа присутни на денешната прес конференција по вчерашната проекција на нивниот документарец и на интересен начин го објаснија патот по кој нивните филмови се пробиле од цензура до фаза на популарност во Бугарија.

-Се работи за комплексна тема. Скоро сите прогресивни луѓе сакаат да се гледаат како социјалисти. Јас живеам во Англија многу години и често се расправам со т.н „Шампањ – социјалисти“, восокообразувани интелектуалци, со кои се прашуваме дали социјализмот е воопшто возможен и економски одржлив. Нашата базична премиса е да се спојат приказните од луѓето во Бугарија за кои никој не знае, заедно со проучување на марксистичките идеи, и формите на пораз на идеите на социјализмот низ светот. Исто така значајна тема на филмов е прашањето зошто комунизмот и социјализмот не се изучуваат правилно во Бугарија – објасни Мина Милева.

Интересно за овој филм е што цензурата од државата всушност им помогнала да се популаризираат. Нивниот прв филм, „Чичко Тони“ бил отворено цензуриран и не се прикажувал никаде во Бугарија, па тие едноставно се концентрирале на странските фестивали и го поставиле филмот на Јутјуб.

-Со овој филм пак, стратегијата на естаблишментот беше филмот едноставно да се игнорира и без да го добие потребното внимание, проекциите да станат неодржливи. Така беше се додека филмот не се прикажа во прајм-тајм на телевизија. Тоа беше проследено со оган на социјалните мрежи, на Фејсбук и Твитер каде што навистина се случуваше војна. Бугарската социјалистичка партија излезе со една изјава во која бараше да бидеме цензурирани и аболицирани… Со тоа практично ни направија услуга, бидејќи ако немаа реакција, немаше да се направи толку голем импакт за филмот. Оттогаш сите во Бугарија почнаа да одат на проекциите – објасни Мина Милева.

Проблемот го лоцираат во тоа што во Бугарија не минала низ процес на лустрација, па, според нив, огромен процент од актуаелните функционери во Бугарија се кадри од КГБ, а нивниот личен придонес кон расветлување на минатото е нивната вистинска артистичка вокација.

На денешното филмско мени, во програмата европски перспективи ќе може да се види филмот „Леди Макбет“, потоа компетиција на кратки филмови, филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски и австрискиот филм „Скриени резерви“. Од главната програма, денеска, се прикажуваат филмовите „Месечината на Јупитер“ за младиот сириски бегалец Ајран кој се обидува да ја премине унгарската граница и корејскиот филм „Не плажа ноќе сама“ за актерка која по неуспешна љубовна афера си дава простор за себе.

38 издание „Браќа Манаки“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.