Општина Карпош ќе организира 20 – дневна крводарителска акција откако економскиот директор на Институтот за трансфузиона медицина Венко
Стомнароски на средбата со градоначалникот Стевчо Јакимовски упатил замолница општината повторно да ги активира крводарителските акции затоа што институтот бил соочен со зголемена потреба од крв и крвни продукти, зашто поради пандемијата намален бил бројот на крводарители. 

Од тие причини, како што информираат од општината, градоначалникот Јакимовски се обврзал во следните 20 дена да се организираат крводарителски акции со цел да се даде придонес  за обезбедување на неопходните единици на крв за лекување на нашите сограѓани.