Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институциите бараат совети за референдумот, а Антикоруциска не постои

0
By Нова ТВ on September 13, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали се дозволени вработувања? Дали смее да се отуѓува или дава под закуп државно земјиште? Дали смее да се одржи манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ ? На сите овие прашања од државните институции, јавните претпријатија и општините нема одговор ниту една институција. Државната комисија за спречување на корупцијата се прогласи за ненадлежна. Не затоа што не функционира повеќе од шест месеци, туку зашто во Законот за референдум не е предвидено дека антикорупционерите треба да вршат надзор како се трошат парите од буџетот и дали има злоупотреба на државни пари и ресурси за време на кампањата.

Пишува Маја Јовановска, Истражувачка репортерска лабораторија на Македонија

Во овој период пред одржување на референдумот кој е закажан за 30 септември до Антикорупциската комисија стасале дванаесет(12) „Барања за мислење во врска со спроведување на референдумот“.

Општина Петровец бара совет од Антикорупциската комисија дали претставува проблем доколку почне постапка за вработувања на четири лица врз основа на годишен план за 2018 година и има добиено согласност од Министерството за информатичко општество и администрација.

Општина Прилеп планира да почне постапки за отуѓување и давање под долготраен закуп на државно градежно земјиште и јавно наддавање за добивање на право за поставување на билборди и рекламни паноа.

Државната институција М-НАВ во која во моментов треба да се прави измена на Колективниот договор прашува дали смее да се менува и дали тоа е во согласност со Изборниот законик.

Има и такви недоумици како, на пример, дали е дозволено да се одржи  традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“. Општина Кочани бара мислење со оглед дека е закажана непосредно пред референдумот, а Централниот настан е на 29 септември на кој се поканети премиерот, министри од Владата, амбасадори и други гости.

Сите овие институции и јавни претпријатија и општини добиле ист одговор од Антикорупциската комисија: „Во претстојниот период на спроведување на активностите поврзани со закажаниот референдум на 30 септември, Државната комисија за спречување на корупцијата нема законски основ да постапува и одлучува по доставени барања за мислење од различни субјекти поврзани со процесот на одржување на референдумот“.

Но, адресата на Антикорупциската комисија не е погрешна кога се испраќаат барања за мислења за одлуки и постапки во предизборие. Затоа што оваа институција според Изборниот законик не само што им дава мислење на институциите кои располагаат со државни пари, туку одлучува и по поднесени приговори во случаи кога треба да се испита злоупотреба на државни ресурси.

Според законот за време на кампања за избори која трае 20 дена никој не смее да располага со буџетски пари, да стави темели на објекти или патишта, да започне постапка за вработување на нови лица и многу други ограничувања. Исто така забрането е вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства.

„Во случај на поднесен приговор Државната комисија за спречување на корупција е должна на јавна седница да ги испита наводите и да постапи по поднесениот приговор во рок не подолг од пет дена од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на одлуката.  Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа од приемот на тужбата“.

Така пишува во Изборниот законик. Но, овие надлежности се предвидени само за кампања за избори, не и за референдум.

Шест месеци без Антикорупциска комисија

Пред шест месеци пет од вкупно седум члена во оваа комисија си поднесоа оставки. Оние членови што останаа, како и административците немаат што да работат бидејќи само комисијата во полн состав може да одлучува за претставките и барањата кои се поднесуваат до нив. Не дека нема сомневања за корупција, туку нема комисија која треба да ја истражува. Од 19 март до 10 септември до Комисијата стигнале 80-тина пријави со сомнеж за корупција и судир на интереси, а во фиока нерешени стојат 320 предмети.

Пет членови на Антикорупциската комисија си поднесоа оставки откако беше обелодената ревизија направена од Управата за јавни приходи. Во неа беше откриено дека на членовите на Антикорупциската комисија им се исплаќале фиктивни патни трошоци, а направени биле и огромни сметки на име трошоци за ручеци и вечери во ресторани кои членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување стан.

Ревизијата направена од УЈП се однесува на составот на Комисијата со претседателот Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамчески, Најдо Спасевски, Сузана Таскова Аџикотарева и Сејди Халили, кои на оваа функција беа од април 2015. Од овој состав, оставки не си поднесоа само Најдо Спасевски и Сузана Таскова Аџикотарева.

Оттогаш во државава нема Антикорупциска комисија, а неизвесно е и кога ќе има. Министерката за правда Рената Дескоска пред десетина дена изјави дека се работи на нов закон за спречување на корупцијата и една од задачите на работната група е да дефинира нов модел на Антикорупциска комисија која ќе биде експертска и ослободена од какви било политички влијанија.

„Дилемата беше дали вреди да се формира Антикорупциска комисија на краток рок, според сегашните закони или, пак, да се формира Комисија која ќе има капацитет. Верувајте мојот пристап е дека треба да имаме суштински измени, а не само проформа да задоволуваме определени барања и да прикажеме дека нешто сме направиле. Навистина интересот и желбата е да имаме Антикорупциска комисија која ќе има капацитет да ја врши својата функција“, рече Дескоска.

Министерката очекува Антикорупциската комисија да биде формирана есенва. Изборот ќе се врши преку конкурс, а последниот збор ќе го имаат пратениците во Собрание.

 

Антикорупциска референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.