Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институциите молчат за сомнежите околу преземањето на Макпетрол

0
By Нова ТВ on July 13, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 13, 2016 12:23

Една недела по доставувањето на јавната понуда од анонимната компанија „Балкан Петролеум Холдин Лимитед“ за преземање на акциите на Макпетрол, македонските институции и натаму молчат околу сомнежите кои се појавија во јавноста околу потенцијалниот купувач, објавува Плусинфо.

Како што објавија медиумите, компанијата, регистрирана во Лондон, а со потекло од Кипар и Девствените Острови, е поврзана во компликувани офшор-шеми. Имињата на сите бизнисмени поврзани со „Балкан Петролеум“, пак, се појавуваат во низа скандали во минатото – од обвинувања за корупција и перење пари, до поврзаност со руската мафија. И покрај апелите од домашните експерти до институциите, сериозно и темелно да се истражат овие сомнежи, во институциите и натаму владее молк.

Комисијата за хартии од вредност досега не излезе со никаков став околу понудата, а берзанскиот регулатор не реагираше ниту на обвинувањата од Макпетрол дека „Балкан Петролеум“ ги прекршил процедурите, кога противзаконски контактирал дел од акционерите и пред доставувањето на понудата до КХВ. Токму однесувањето на Комисијата за хартии од вредност, според познавачите, ќе биде показател на односот на државата кон овој случај.

Од друга страна,  деновиве во јавноста се појави извесен Александер Каплан, кој се претстави како инвеститор од „Балкан Петролеум“, иако неговото име не фигурира никаде во сопственичката структура. Во интервјуто дадено за еден интернет портал, Каплан тврди дека компанијата, формирана пред само еден и пол месец, е сериозен играч, но испушта да наведе делови од својата биографија кои го поврзуваат со контроверзниот украински бизнисмен Сергеј Курченко, кој е на црната листа на ЕУ поради своите матни корупциски зделки.

Експертите веќе се изјаснија дека не само КХВ, туку и Управата за финансиско разузнавање, Комисијата за заштита на конкуренцијата и Финансиската полиција мораат да ја исполнат својата најважна улога – да ја заштитат македонската економија од црниот капитал и да ги испитаат сите наводи за матните биографии на руско-украинско-израелските бизнисмени поврзани со „Балкан Петролеум“.

Сепак, додека во јавноста растат сомнежите, а секојдневно се појавуваат нови информации за инволвираноста на клучните луѓе на „Балкан Петролеум“ во скандали, ниту една институција во земјава не се огласи и не покажа дека ги бара одговорите на клучните прашања – кои се вистинските луѓе зад обидот за преземање на најголемата домашна нафтена компанија и од каде потекнуваат парите со кои една сомнителна офшор фирма се обидува да влезе во нафтениот бизнис во земјава?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
ФОКУС
February 8, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

ВЕСТИ February 8, 2026

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во…

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026

Милано: Протести против Олимписките игри – го нарушувале еко системот но и живото во градот станал прескап

February 7, 2026

МВР заплени нови 40 тони марихуана наводно поради неусоглесеност на количествата со лиценците  

February 7, 2026
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.