НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интегрално интервју на експремиерот Зоран Заев за грчки „Ајидисис“: Демократијата и солидарноста мора да бидат на пиедесталот

0
By Соња Крамарска on April 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Господине Заев, доаѓате во Атина како гостин на Алексис Ципрас за конференцијата на СИРИЗА. Вие двајца, заедно со министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров, го постигнавте Преспанскиот договор. Договор кој доведе до изборен пораз на СИРИЗА во 2019 и ваше отстранување и отстранување на министрите од политичката сцена. Дали Преспанскиот договор беше причина за тоа? Сакам да ми одговорите од срце, да знаевте дека тоа ќе се случи дали ќе ставевте потпис на Преспанскиот договор?

 -Договорот од Преспа го претвори проблемот во решение, конфликтот во соработка, непријателството во сојузништво. Дали пред 2018 година бевме соседи кои не се слушаат, кои не комуницираат и кои имаат непријателски однос едни кон други? Дали денес сме соседи кои се заедно во НАТО, кои се поддржуваат и штитат меѓу себе? Дали компаниите од Северна Македонија и Грција денес соработуваат повеќе од претходно? Дали Грција го чува небото над Северна Македонија и дали конечно Грција нема проблем со тоа што ние сме Македонци од Северна Македонија? Ве повикувам Вас, но и сите кои ќе го прочитаат ова интервју – ставете ја десната рака на вашето срце и одговорете си ги овие прашања, онака како што јас го правам тоа во овој момент. Јас велам – вредеше. И велам дека до прва ќе вреди.

Бевме изненадени од Вашата одлука, по резултатите од локалните избори, да објавите дека ќе дадете оставка од функцијата претседател на СДСМ и премиер. Дали тоа беше одлука од моменталните емоции или беше свесна одлука? Зажаливте ли за тоа?

-Тоа беше сосема исправен и одговорен потег кој покажа и покажува што значи да се чуе гласот на народот и што значи и во најтешките моменти да се придонесува кон политичките вредности за кои се борел и се бори мојот, нашиот СДСМ. Демократските, европските и вредностите на солидарноста мора да бидат на пиедесталот. И кога се соочувате со одлуката да изберете меѓу себе и вредностите за кои сте се бореле целиот ваш живот, тогаш одлуката мора да биде во корист на вредностите и во корист на зачувување и развој на се она што сте постигнале низ годините. Многумина ми рекоа дека во вакви ситуации најтешко е да се избориш со сопственото его. Јас, фала му на бога, немав никаков проблем да го сторам тоа. До ден денес, а верувам и во иднина, давав и ќе давам целосна поддршка на тимот што ја води државата и партијата на патот на напредокот. Јас сум и жив, и здрав, и витален, и капацитетен, и како што кажав повеќе пати, останувам посветен на каузата за подобро демократско и отворено општество, без притоа да мислам дека сум најважен и најголем или дека морам да бидам на функција. Не, општеството е поважно од мене и треба да е поважно од кој било политичар.

Дали сметате дека руската инвазија врз Украина и војната која сеуште беснее таму го промени светот што го познававме досега? Ако одговорот е „да“, во која насока? Има ли ризик дека тоа безумие може да се прошири и на Балканот? Што е тоа што може да го гарантира мирот во регионот? Дали ја оставивте Северна Македонија безбедна?

-Војната мора да биде заменета со мир. Насилството со дијалог. Нема изговори, нема ниту едно оправдување во 2022 година да сведочиме на воени инвазии врз демократска и суверена земја, врз население кое одлучило да создаде своја, независна држава. Украина и Европа веќе нема да бидат исти. На пример, Мариупол, никогаш веќе нема да биде ист бидејќи е разрушен. Но, светот веќе никогаш нема да гледа на руските власти на ист начин. Русија избра насилство и поради тоа предизвика лавина санкции од демократскиот свет. Не е добро да преземате дејства со кои го принудувате светот да се оградува од вас. Тоа е најлошото нешто што можете да му го направите на сопствениот народ. Јас сум горд што Северна Македонија е на страната на мирот, на сигурноста, на безбедноста, заедно со целиот демократски свет и особено заедно со НАТО. И сум горд што живеам во безбедна земја, држава која учествува во најмоќниот безбедносен штит и држава која е заштитена од најмоќниот сојуз во светот.

Претседателот на Србија, Вучиќ изјави по изборите дека неговата држава врти на десно, откако три десничарски партии влегоа во националното собрание. Од друга страна, Виктор Орбан во Унгарија ги доби изборите по четврти пат. Вие дома имате долго и горчливо искуство со ВМРО-ДПМНЕ. Постои ли опасност од пораст на десничарски национализам во Европа и на Балкан?

-Изјавата која ја цитирате доаѓа од Вучиќ, лидерот на Србија кој ги доби последните избори и кој во повеќе наврати покажа што значи да се соработува со различните од себе. Тоа што Вучиќ коментира со доза на аларм во однос на извесен раст на крајно десните партии, а при тоа ги добива изборите, е добар показател дека Србија сепак има лидер кој нема да дозволи нов радикализам на Балканот.

Партијата што ја предводевте идеолошки припаѓа на социјалдемократијата. Но се чини дека социјалдемократијата и на европски терен не е добро прифатена од граѓаните. Што прават социјалдемократите погрешно за да не можат да комуницираат со граѓаните? Што Вие би направиле различно од тоа што го правевте, ако сега повторно бидете власт?

-Немојте така лесно да им пресудувате на левичарите. Не така одамна Грција избра левичарска Влада. Албанија има левичарски премиер веќе трет мандат по ред. Северна Македонија има веќе трета влада по ред од редовите на социјалдемократите. Шпанија исто така. Владата во Германија ја водат социјалдемократите. Во Црна Гора падна владата која не беше социјалдемократска. Хрватска има претседател од СДП. Словенија исто така. Бугарија има премиер кој е демократ, а не е крајна десница. Не очекувајте од социјалдемократите да станат режимски послушници и да почнат да креираат фарми со ботови кои шират лажни вести. Не, јас се противам на тоа. Но, ве уверувам дека може да очекувате консолидација на демократскиот блок, во што левичарите ќе имаат водечка улога. Очекувајте дијалог, но и одлуки и акции. Учиме од грешките и бидете сигурни дека левичарите нема да седат и да дискутираат бескрајно додека крајната десница ја загрозува безбедноста. Светот се промени, а особено регионот. Ние на Балканот денес добро знаеме дека мирот ни е многу скапоцен и дека нема да дозволиме некој туку така да го загрози.

Да се вратиме на Преспанскиот договор. Вие бевте еден од протагонистите на овој договор со кој се надминаа разликите меѓу Грција и Северна Македонија. Како гледате на неговата имплементација? Дали се одвива нормално или е закочена како што кругови од двете земји посочуваат? Што е тоа што не е спроведено досега?

-Ценам дека соработката меѓу двете држави е на прилично високо ниво. Има точки каде се соработува и напредува многу брзо, а има и точки каде соработката е со умерено темпо. Но напредокот е очигледен. Нема застој, нема назадување. Ги видовме премиерите Ковачевски и Мицотакис пред некој ден во Делфи на заедничка, конструктивна пријателска средба. Уверен сум дека граѓаните и политичките сили кои сакаат пријателство и соработка наместо изолација и конфликт се сериозно побројни и подоминантни во споредба со оние другите, и тоа во двете држави.

За крај едно лично прашање. Како се чувствувате сега надвор од политичката сцена? Дали Ви недостасува политиката? Кои се Вашите планови за иднина?

 -Често знам да кажам дека овој период уживам во слободата која ми ја донесе излегувањето од политичкото секојдневие. Тоа не значи дека сум безгрижен или дека сум неодговорен кон својата држава, кон својот народ и својата партија. Јас сум достапен и ме контактираат многу пријатели, граѓани и заедници. Моите позиции се познати, јавно изнесени и ќе помогнам секому кој стои на истата вредносна страна. Целите за кои сум влегол во политика, се целите заради кои останувам општествено активен – солидарност и поддршка, помош за послабите и ранливите, слобода на мислата и изразувањето, соработка, слобода на движење и бришење на пречките и границите. Демократија наместо режим. Додека дишам ќе се борам за овие вредности и ќе се спротивставувам на оние кои имаат цел да ги загрозат.

Ајидисис Зоран Заев интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.