Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИНТЕГРАЛНО) Што изјави Ковачевски во Брисел

0
By Соња Крамарска on July 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интегралната порака на премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, и со премиерите на Албанија Еди Рама и на Чешка која е претседавач со ЕУ, Петр Фиало:

Во пресрет на меѓувладината конференција со која ги отвораме преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, сакам најпрво да упатам искрена благодарност до сите наши пријатели во Европската Унија, за нивната поддршка, вклученост и посветеност на европската интеграција на Северна Македонија. Нивната заложба беше клучна ние денес, тука во Брисел го направиме првиот чекор кој ќе нѐ одведе до полноправно членство во Унијата.

Вoедно, би сакал да упатам честитка и до граѓаните на Албанија, и до мојот колега Еди Рама, за отпочнувањето на преговорите и за нивната земја. Верувам дека овој нов почеток за регионот ќе значи просперитет и напредок. А кога има напредок во една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи. Ние продолжуваме и понатаму со истата динамика на регионална соработка. Впрочем како што и досега одлично и целосно, во интерес на нашите граѓани работиме посветено во рамки на нашите автентични иницијативи и процеси на соработка. На тој начин, работиме за нас самите, но и за забрзување на процесот на интеграција во Европската Унија.

Почитувани граѓани,

Огромно е задоволството што после 17 години чекање, денес конечно ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство, што е наша приоритетна стратешка цел децении наназад.

Европски предлог кој го добивме, преку широк консултативен процес го препознавме како најдобро можно решение кое од повеќе аспекти ги почитува и задржува црвените линии, а во исто време дава конечно почеток на преговори. Во него, а за нас исклучително важно, е прецизиран македонскиот јазик без никакви дополнувања, дообјаснувања, астерикси. Со тоа се отвора вратата да нашиот македонски јазик стане еден од официјалните јазици на Европската Унија, што лично го сметам за најголемото достигнување и најважен успех.

Македонскиот јазик, на овој начин, не само што ќе биде заштитен, туку ќе доживее и неверојатна промоција со тоа што многу земји и култури кои традиционално немаат допир со нашиот македонски јазик, ќе можат да се запознаат со него. Воедно, нашиот идентитет, сé она што е автентично за нас и за нашиот јазик, култура, обичаи и традиција, ќе остане токму тоа, автентично македонско и во Европската Унија, а тоа воедно ќе биде поголемо богатство за Унијата и обединување во различностите.

Северна Македонија природно, вредносно и цивилизациски припаѓа во европското семејство. Нашето место е во Европската Унија. Ние досега многупати докажавме дека сме партнер од доверба на Европската Унија и за земјите членки и така и продолжуваме да работиме и функционираме во иднина. Затоа и очекувам да имаме позитивен пример за најбрза интеграција на земја членка во ЕУ исто како што имавме најбрза интеграција на земјата во НАТО. Ние сме подготвени за ЕУ!

Искрено се радувам, заедно со граѓаните на ова денешно добредојде од Европската Унија. Ако по утрото се познава денот, тогаш со сигурност ова ќе биде одличен ден, историски,  на кој ќе се гордееме и кој ќе нѝ обезбеди сигурна, безбедна и европска иднина.

Брисел Димитар Ковачевски интегрална изјава прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.