Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека минимално. Минимално е задржувањето и на граничниот премин Богородица но за излез од земјава. Слично време на чекање е и на граничниот премин Дојран  при излез од земјава, информираат од АМСМ.