Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интерарт: Неправедно е маргинализиран фестивалот Танц Фест Скопје

0
By Нова ТВ on February 9, 2019 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 9, 2019 14:48

“Интерарт културниот центар, внимателно ја разгледа ситуацијата во која што се најдовме, по објавувањето на годишната програма на министерството за култура, на која што ќе доставиме приговори, но сакаме како долгогодишен културен оператор, (центарот е оформен во 1996 година), да укажеме на одредени состојби, со цел да помогнеме во понатамошното делување во културата.

Сметаме дека неправедно е маргинализиран фестивалот Танц Фест Скопје, а сосема неразбирливо е укинат Скопје танцовиот театар. За успесите на фестивалот, мислам дека не треба да зборувам, бидејќи публиката во Скопје, Велес, Битола и Штип имаше можност со години, наназад, поточно, ова ќе биде јубилејна 15-та година на фестивалот, да гледа извонредни достигнувања од областа на танцот. Но, овој фестивал, не е само ревијален. Тој помогна во создавањето на современата танцова сцена во Македонија, промовира млади уметници и овозможува пласман на македонски уметници надвор. Фестивалот, со цел да даде признание на дејците и уметниците кои со години биле дел од создавањето и промоцијата на танцовата уметност кај нас,  ја воведе единствената Награда за врвни достигнувања во областа нa танцот МЕНАДА, која, покрај доајените на танцовата уметност во Македонија, ја добија и светски признати уметници.

Скопје танцовиот театар, минатата година, седмата од своето постоење, имаше, би рекле, брилијантана сезона. Компанијата гостуваше на најпрестижни светски фестивали, (на некои од нив до сега не се прикажала ниту една компанија од целиот  регион), на сцени во  Хаг, Пекинг и Њујорк. Во Скопје танцовиот театар работат млади танчери „made in Macedonia“ кои се производ на единствената современа танцова академија за производство на танчери, едукативна програма на универзитетско ниво, која, слободно можеме да речеме, ја увезовме, од Холандија во партнерство со најпрестижната светска акдемија за современ танц од Ротердам, а со поддршка на амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. Затворањето на театрот, практично значи дека младите, кои ги обучивме по европски стандарди, ќе немаат можност за работа и креација во земјава и ќе бидат принудени да заминат, чин на делување, кој навистина не сакаме да се случи, бидејќи нели, се бориме младите тука да останат. Низ Скопје танцовиот театар во изминатиов период се промовираа и активно делуваа дваесетина млади танчери, чија егзистенција е комплетно загрозена во моментов. Театрот низ годините делува со минимална поддршка, која за жал се повеќе се намалува, а годинава комплатно изостана. Инаку, во театарот низ годините поминаа студенти и танчери од Македонија, Косово, Хрватска, Кина и Полска, а во моментов на стаж се двајца студенти/танчери од Швајцарија и една од Турција.  Сето ова, дава јасна слика за квалитетот на Скопје танцовиот театар, квалитот на програмата која се создава и привлекува млади уметници од странство да дојадат во Македонија и тука да се обучуваат, што, не е вообичаена пракса кај нас, но е, повторно ќе нагласам, потврда за квалитетот на компанијата.

 Мислам дека, по објавувањето на програмата и првичниот шок, беспредметно е од оваа позиција да се бавиме со ситуации на откривање и обвинувања, кој за кого бил, кој против кого. Програмата ја оценуваат комисии, а ја потпишуваат сите, заедно со министерот.

 Затоа нашата порака е: НАПРАВЕТЕ КРИТЕРИУМИ!

Направете јасни  критириуми, кои ќе бидат реални и мерливи. Консултирајте се со луѓето кои долги години работат во културата за да ви укажат на реалните суми и можните критериуми. Доколку ниеден сценско-изведбен проект во националните институции не добива сума под одреден лимит, тоа треба да важи за сите, посебно за независните оператори и театри. Доколку се работи за фестивали, не сметам дека е транспарентно само да се објави сумата, бидејќи, повторно е  несватливо зошто некој добива поголема, т.е. помала сума.

Се додека не се работи според точно утврдени правила, секоја година ќе имаме скандали при објавувањето на годишните програми и незадоволство на сите страни; тие кои со години  успешно работат ќе го изгубат ентузијазмот, младите кои треба да започнат ќе немаат точни насоки како треба да се развиваат низ создавањето проекти.

Кога оние кои ја практикуваат власта ќе се заземат вистински, а не декларативно, за создавање на правила кои и самите ќе ги почитуваат, сметам дека уметноста и културата ќе добијат шанса во Македонија”, пишува во писмото потпишано од Рисима Рисимкин, уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцов театар.

.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.