Премиерот Христијан Мицкоски и актуелната влада немаат кредибилитет кога тврдат дека не постои договор за носење мигранти во Македонија, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија, нагласувајќи дека единствениот начин да се отстранат сомнежите во јавноста е со конкретен и јасен чекор, потпис на Резолуцијата.
Подготвени сме за избори – станува збор за иднината на државата
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто во „Тема на денот“, на телевизија Сител, посочи дека СДСМ е подготвена да ја продолжи политичката борба на избори, затоа што состојбата во државата и прашањата што се отвораат директно ја засегаат иднината на граѓаните.
Филипче оцени дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не ја крие блискоста со актуелните власти во Србија и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, посочувајќи дека токму тие политички врски се клучни за опстанокот на премиерот Христијан Мицкоски.
„Тие две земји, Унгарија има избори напролет, некаде Вучиќ најави во Србија во следните шест месеци, така што избори ќе се случат. Гледаме таму како се активни студентите, гледаме дека таму веќе ќе има вистинска пролет и ќе се случат вистински демократски промени после долги години стагнација од европскиот пат. Без нивната помош завршува политичката кариера на Христијан Мицкоски. “, рече Филипче.
Тој додаде дека токму поради најавените избори во Србија и Унгарија, кои ќе донесат и сериозни политички промени, премиерот Мицкоски испраќа контрадикторни пораки околу прашањето со мигрантите.
„И затоа тој кажува дека ќе има ситуација во која што нема да има мигранти до март до април, еве денеска кажал до јуни. Што тој всушност кажува- ќе има избори ќе се обидам да добијам мандат, а после тоа ќе донесам мигранти, мигранти коишто ние имаме добра пијаровска кујна ќе ја продадеме дека добро е да се тука, и така натаму. Додека од друга страна нема да има пари и пензии. Ние тоа нема да го дозволиме. Ако прашате како, со сите демократски средства. Спремни сме да се бориме на избори, затоа што станува збор за иднината на државата“, рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче укажа дека дополнителен прием на мигранти, во ситуација кога буџетот е празен, а нема средства за пензии и плати, би претставувал сериозен удар врз економската и социјалната стабилност на земјата.
„Сериозно сме загрижени дека безбедноста и економската ситуација се веќе кревки, а уште повеќе ако се носат мигранти кои можат да загрозат многу други аспекти на нашето живеење, додека нема пари ни за пензии, ни за плати“, рече Филипче.
Мицкоски е усплашен од вистината и затоа се заканува
Мицкоски е уплашен од вистината и затоа посегнува по сите механизми, вклучувајќи и закани, а најмалку има право тој да зборува. Да ве потсетам кога собираа потписи против наводни мигрантски напливи пред неколку години ВМРО-ДПМНЕ, да потсетам кога предупредуваа на кантонизација на земјата и меѓунационални судири. Тој најмалку има право да зборува тука, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Дневникот во Сител Телевизија.
Претседателот Филипче нагласи дека Мицкоски е уплашен од вистината затоа што наскоро ќе излезат и многу други поконкретни работи во однос на овој договор.
„Сега нема што да прави и се заканува со обвинителство. И тоа е класичен метод на де-фокус. Тоа се работи коишто сме ги гледале во минатото и сметам дека е апсолутно само страв од вистината и ништо друго.“ рече Филипче.
Бегаат од Резолуцијата, затоа што има договор, мигранти за пари
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешеното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител, изјави дека власта одбива да ја поддржи предлог-резолуцијата на СДСМ затоа што постои договор за носење мигранти за пари.
„Зошто не ја потпишат нашата предлог Резолуција во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти или економски работници, или како и да ги крстат од Велика Британија, коишто се поврзани со финансии како што соопштуваат британските медиуми. Но, вистинското прашање е зошто избегнува ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише декларацијата во којашто јасно кажуваме што сакаме да не се случи кај нас. Ете тоа е вистинското прашање, зошто бегаат – затоа што се договорени“, рече Филипче.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ потврди дека ја продаде државата за пари, за кредити од шест милијарди евра, за мигранти за пари.
Како што кажа Филипче, Резолуцијата на СДСМ е јасен и недвосмислен документ кој има единствена цел- заштита на државата и граѓаните, и ако власта е искрена во изјавите, тогаш ќе ја потпише.
„Ајде да ја потпишеме заеднички декларацијата, сите пратеници во Собранието, во којашто експлицитно еве ќе ги тргнеме сите сомнежи на страна. Еве, ајде ние да си ја земеме работата во свои раце, ајде ние да не дозволиме да се носат мигранти коишто може да ја загрозат безбедноста и финансиската состојба на земјата. Не може премиерот да спинува и да кажува нема да има илегални мигранти, ќе има ли легално донесени? Не може спинови да кажува дека нема да има кампови“, рече Филипче.
Филипче во интервјуто, рече дека со тоа што сега и ВМРО-ДПМНЕ нуди друга Декларација повторно се обидува да манипулира со термините и да го одвлече вниманието на јавноста.
„Зошто даваат друга декларација во која што повторно се манипулира со зборовите? Мигрантите биле вакви или такви, па ние сме земја која има потпишано конвенција за мигранти и ги почитуваме сите меѓународни конвенции што се однесува до миграцијата. Ние немаме проблем со тоа, сакаат ксенофобија да ни налепат. Тоа е апсолутно неточно и тоа е само дел од спиновите коишто ги прават со цел да го одвлечат вниманието“, рече Филипче.
Нема да запреме во борбата против корупцијата на оваа власт
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за Сител телевизија истакна дека СДСМ нема да запре во борбата против корупцијата на власта и додаде дека објавените документи за тендерските шеми се сериозен аларм за кој треба да реагираат институциите, но и јасен доказ за длабоко вкоренета корупција.
-Многу институции може и треба да реагираат на документите коишто ние ги прикажуваме. Да некоја компанија добие 161 тендер, и со друга фирма да добијат 13,5 милиони евра во изминатите само година и пол? Тоа се пари коишто на еден наш работник со плата од 400 евра му треба да работи 35 илјади месеци за да ги заработи. Тоа се над две и пол илјади години работа, нагласи Филипче. Тој посочи и друг фрапантен пример на сомнителни тендери.
– Имаме фирма која земала тендери во износ од милиони евра со само двајца вработени. Народот не е наивен. И друга фирма, како така наеднаш ја продале фирмата, па добиле 161 тендер? Тој бил среќник што ја купил фирмата, а има фотографии заедно по социјалните мрежи. Никој не е наивен. Ние поднесовме документи до ДКСК и ќе видиме како ќе реагираат. Да ве потсетам, на почетокот на објавувањето на првата серија бомби во 2015 година, исто така никој не веруваше дека е тоа вистина, па подоцна се докажа дека е вистина, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ нагласи дека борбата против корупцијата нема да запре и дека Антикорупцискиот тим на СДСМ ја унапредува својата работа.
„Нашиот антикорупциски тим ја шири платформата. Утре ќе ја претставиме и новата платформа на која граѓаните самите ќе можат да доставуваат документи. Во таа борба нема да запреме. Тоа е нашата борба за иднината на државата“, порача Филипче.
На Мицкоски никој не му верува, нека демантира со потпишување на Резолуцијата за мигранти
Премиерот Христијан Мицкоски и актуелната влада немаат кредибилитет кога тврдат дека не постои договор за носење мигранти во Македонија, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија, нагласувајќи дека единствениот начин да се отстранат сомнежите во јавноста е со конкретен и јасен чекор, потпис на Резолуцијата.
Филипче истакна дека на изјавите на премиерот не може да им се верува, имајќи ја предвид неговата досегашна политичка пракса и повеќекратните спротивставени ставови по клучни државни прашања.
„Не е доволно, ниту пак имаат кредибилитет нашите членови на Владата, ниту премиерот којшто во неколку наврати знаеме дека кажува изјави коишто после тоа не важат. Да потсетам во периодот наназад не важеше Преспанскиот договор, ќе го враќаше уставното име, ќе си дадеше оставка ако се докажеше поврзаност на Агенција за обезбедување со дискотеката во Кочани. Сето тоа се потврди, ова не се направи и секако може да му човек за едно вакво сериозно безбедносно прашање? Вака не биле понижени граѓаните никогаш. “, рече Филипче.
Тој ги повика премиерот и пратениците од владејачкото мнозинство да ја поддржат и потпишат предложената Резолуција во Собранието, со која експлицитно се забранува носење мигранти или т.н. економски работници од Велика Британија или од други држави, поврзано со финансиски аранжмани.
„Зошто не ја потпишат нашата предлог Резолуција во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти или економски работници од Велика Британија“, порача Филипче.
Според него, декларативните изјави и политичките спинови не се доволни за вакво сериозно безбедносно прашање и само формален, јавно усвоен документ може да биде гаранција за граѓаните и за државната безбедност.
Во Македонија треба да дојдат луѓе кои не се добри за Британија – зошто се добри за нас?
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека граѓаните на Македонија се понижени како никогаш досега и дека власта на ВМРО-ДПМНЕ ја продава државата за пари, кредити и договори за мигранти, склучени зад грбот на јавноста.
-Според релевантни британски медиуми, во Македонија треба да дојдат луѓе кои не ги исполнуваат условите да останат во Велика Британија. И сега логичното прашање е: ако тие не се добри за Британија, зошто се добри за нас? Зошто Македонија треба да стане слепо црево и црна точка на Балканот?, истакна Филипче.
Тој предупреди дека влста ја оддалечува државата од европскиот пат и ја туркаат во изолација, заедно со земји кои веќе стануваат депонии за проблеми што Европа сака да ги тргне од себе.
-Додека целиот регион оди напред кон Европската Унија, оваа власт нема реформи, има блокади и тајни договори. Луѓето кои би биле испратени кај нас, според информациите, немаат право повторно да влезат во ЕУ. Тоа значи дека оваа влада нема намера да нè води кон Европа, туку да нè претвори во црна точка – земја во која ќе останат мигранти што Европа не ги сака, нагласи Филипче.
Претседателот Филипче посочи дека со ваквото тајно договарање, ВМРО-ДПМНЕ директно го нарушува и угледот на Велика Британија како стратешки партнер на Македонија.
Тој потенцираше дека СДСМ не ја наметнала темата за мигрантите, туку таа била отворена од релевантни британски, европски и светски медиуми, кои информирале за договор за носење мигранти во Македонија за финансиски надомест.
„Прво ја прашавме Владата. Тие молчеа. Потоа наместо одговори, следеа напади врз мене и врз СДСМ. До денес нема ниту еден јасен одговор“, истакна Филипче.
Претседателот на СДСМ додаде дека доколку Владата тврди дека нема договор, постојат два едноставни чекори со кои тоа може да го докаже:
Да ги демантира релевантните британски медиуми, вклучително и „Тајмс“, на кои досега не им одговорила. И да ја потпише предлог-Резолуцијата на СДСМ, со која јасно се забранува носење мигранти или таканаречени „економски работници“ од Велика Британија поврзани со финансиски договори.
Без тоа, јасно е дека договор има, потенцираше Филипче.
Мигранти за пари и кредити, ДПМНЕ ја продаде Македонија!
Денеска се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ја продаде и ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за кредит од шест милијарди евра, ја продаде за мигранти, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека власта ги граѓаните.
„Ги понижи граѓаните, им удри шлаканица, им кажа не е важно што вие мислите, што вие сакате, како вие резонирате, вие не гласавте, е сега ние ќе правиме што сакаме“, рече Филипче.
Тој додаде дека со прифаќањето на мигранти, сериозно ќе се влоши безбедноста во државата.
„Вака не биле понижени граѓаните никогаш. Зошто? Затоа што треба да бидат луѓе коишто Велика Британија ќе утврди дека не можат да останат кај неа, а не може да се вратат ниту во земјите од коишто доаѓаат, а притоа се осомничени или осудени за најтешките форми на прекршоци. Со такви луѓе ние треба да си имаме работа ако дојдат тука кај нас“, нагласи Филипче.
Во интервјуто Филипче посочи дека темата за прифаќње миграни ја наметнаа релевантни британски медиуми, коишто секојдневно пишуваат дека постои договор помеѓу македонската и британската влада за прифаќање на мигранти во Македонија.
„Кога видовме дека се случуваат такви работи, прво ја прашавме владата, кога видовме дека не одговара и почна нас да не напаѓа, кога видовме дека информациите освен на релевантни британски медиуми, почнаа да излегуваат на светски медиуми, во европските медиуми тогаш интервениравме со многу чести прес-конференции и со прашања до владата, на кои владата во ниту еден момент не одговори единствено нешто што направи ги засили нападите кон мене лично и кон Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче.




