НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју, Мирко Попов: Колку и да корупцијата проектира бесперспективност, сонот и љубовта кон животот се несразмерно посилни

0
By Ана Василевска on February 20, 2023 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 „Начинот на кој нашата “културна“ јавност “дискутира“ по секој конкурс, особено на социјалните мрежи (со должна почит кон исклучоците), се сведува на пазарско препукување полно со жолч, самоправедност и самовеличие.“

„Спонтан е нагонот на актуелната градска власт да го збрише ова јадро на младинска, општествена, креативна и уметничка слобода. Да се уништи се што е пристојно во градов и земјава и да се стави под коруптивна контрола. Да нема бранување, особено не позитивно. Да скапеме во мизеријата на криминалниот поредок.“

„Постојат групи сјајни луѓе кои буквално од воздух материјализираат ресурси и енергија сето тоа да се случува. Имаше моменти кога нашата сцена и воопшто скопскиот ноќен живот беа некои од најегзотичните европски електронски центри.“

Изминативе недели културата доби поголемо внимание во медиумскиот простор, но за жал, како што вообичаено тоа бидува кај нас, фокусот беше ставен на полемиките околу резулататите од конкурсот на Министерството за култура и обидот за „киднапирање“ на Младинскиот културен центар, а не за некој важен културен настан.  На културната сцена во градот има уметници кои со децении ги поместуваат критериумите, се борат за прогресивно делување наспроти „лелекање“, посветени на својот артистички израз постојано произведуваат нови и квалитетни дела. Еден од оние кој е речиси секогаш подготвен за револуционерни чекори, кого ентузијазмот не го напушта и покрај сите социолошки и политички вртлози и околности што не ја заобиколија државата, е Мирко Попов. 

Беше во епицентарот на музичките збиднувања и техно револуцијата што го видоизмени Скопје со светски клубски шарм, како уредник и продуцент на музика се бореше за опстанокот на култниот радио емитор Канал 103, реализираше повеќе албуми презентирани на домашни и европски турнеи…

Непоколеблив и секогаш подготвен да ги каже своите ставови, со Попов во интервјуто за НоваТВ, ги коментиравме актуелните жешки случувања во културата но и „ѕирнавме“ малку наназад во неговата тридецениска уметничка дејност.

НоваТВ: Речиси нема постконурсен период кога се објавуваат резултатите на Минстерството за култура а тоа да не предизвика реакции, да ја подели културната јавност на задоволни и незадоволни. Каков е Вашиот впечаток?

Попов: Секогаш жешка тема, но јас се трудам да избегнувам да ги коментирам во јавност резултатите од овие конкурси. Сметам дека е неблагодарно, па и некултурно да се коментира, без разлика дали си добил средства или не, а особено не ми се допаѓа начинот на кој нашата јавност се навикна тоа да го прави. Незадоволство и незадоволни секогаш ќе постојат, исто како и дискутабилни резултати. Начинот на кој нашата “културна“ јавност “дискутира“ по секој конкурс, особено на социјалните мрежи (со должна почит кон исклучоците), се сведува на пазарско препукување полно со жолч, самоправедност и самовеличие. Нешто што не доликува на луѓе кои треба да бидат културни работници. Особено се дегутантни изблиците на луѓе и организации кои со години (па и децении) добиваат повеќе од солидни средства, па малку подзакинати, предизвикуваат вистински лавини на навреди и омаловажување. Личи на се, освен на култура.

НоваТВ: Со оглед на тоа што и Вашата работа е засегната, односно како самостоен уметник бездруго на некој начин зависите од поддршката од овие субвенции за културата, дали сте се чувствувале обесправен и демотивиран?

Попов: Што и да се случи на конкурсот на Министерство за култура, или на било кој конкурс каде учествувам, гледам да се фокусирам на суштината, а тоа е остварување на проектот. Енергијата и средствата (колку и да се сиромашни) ми се потребни за резултатот/продуктот, не за креирање негативност наоколу. Во околу две децении колку што конкурирам, најчесто сум одбиван и сум се чувствувал навистина лошо, но никогаш нема да си дозволам да бидам дел од хајка, омраза и неартикулиран ноиз, кој традиционално се развива по објавувањето на резултатите. Постојат регуларни, законски и конструктивни начини на кои може да се канализира било кое незадоволство и предлагам да се држиме до нив. Сигурен сум дека е возможно да има поквалитетни луѓе на чело на комисиите; есенцијално е рапидно да се зголеми буџетот за култура, бидејќи со штедење во културата креираме некултура; очигледно е потребна реинвенција на системот на конкурирање итн. Триесет години САМОСТОЈНО работам во културата и сигурен сум дека посветената работа и реализирање на сопствените проекти се единствениот и најдобар начин за надминување на било каква неправда и секако самореализација.

30 години ПМЏ-колектив – екстатична музичка авантура и прогресивна општествена ангажираност

НоваТВ: Која и година да се земе како одредница за почеток  на Вашиот веќе оформен музичко-артистички ангажман со ПМЏ-колектив, ( 1993, 1995), бездруго станува збор за три декади. Во контекст на тоа дека секогаш низ годиниве, вклучувајќи ја и работата во култното радио Канал 103, се чини се обидувате да ги поместите границите во прогресивна насока, кој беше клучниот, поттик, мотив да се истрае како музичар, уметник во земја во хронична транзиција, политички превирања итн.?

Попов: Во 1992 година добив шанса во култното скопско радио Канал 103 и тоа беше пресвртница во мојот живот, а истовремено и уникатна прилика да ги остварам моите соништа. Се разбира ја грабнав и не пуштам. Човек едноставно не смее да ја пропушти шансата да стане оној кој отсекогаш требало да биде. До 1995 настапував како Канал 103, а потоа приказната добива ново име: ПМГ Колектив и трае до денес. Кога го живееш сонот, некоја мешавина од екстатична музичка авантура и прогресивна општествена ангажираност, не е голем проблем да се остане мотивиран. Колку и да е заостаната нашава средина, колку и да корупцијата проектира бесперспективност, сонот и љубовта кон животот се несразмерно посилни. Јас сум фактор на промена и подготвен сум да ја платам цената за тоа. Тоа е мојата улога. Ја сакам. Знам дека правам нешто добро. Не би се менувал со никого.

НоваТВ: Со оглед на тоа што сте директен основач на македонската културна техно револуција, како од денешен аспект гледате на развојот на домашната музичката електронска сцена, и тоа што е актуелно денес, дали успешно парираме на светот?

Попов: Електронската сцена е прва музичка сцена во Македонија, која успеа да се случува во реално време, рамо до рамо со светската. Претходно каскавме, но со оваа приказна успеавме да фатиме приклучок. Ентузијазмот и потребата од културна размена кај нашите луѓе одигра голема улога во приближувањето кон тие актуелни трендови. Постојат групи сјајни луѓе кои буквално од воздух материјализираат ресурси и енергија сето тоа да се случува. Имаше моменти кога нашата сцена и воопшто скопскиот ноќен живот беа некои од најегзотичните европски електронски центри. Со нашиот непостоечки пазар, никакви финансии и отсуство на каков било развоен културен план кај владејачките структури, тоа е просто невозможно да се одржи на долги патеки. Доживуваме подеми и падови, но најважно е дека се држиме. Скопје има сериозна потреба да биде европска метропола. Барем еден убав и паметен дел од населението сериозно има таква потреба.

МКЦ – Некој сака да скапеме во мизеријата на криминалниот поредок

 

НоваТВ: Како ги коментирате последните настани во Младинскиот културен центар?

Попов: Најголемиот број од македонските институции постојат „ради реда“. Седат ништо не работат, земаат плата и чекаат да помине времето. МКЦ Скопје го нарушува тоа правило, ја ништи таа комоција на нашата граѓанска мрзоволност. МКЦ е функционална институција и тоа навистина им пречи на многумина. Оттаму и тенденцијата да ја уништат. Спонтан е нагонот на актуелната градска власт да го збрише ова јадро на младинска, општествена, креативна и уметничка слобода. Да се уништи се што е пристојно во градов и земјава и да се стави под коруптивна контрола. Да нема бранување, особено не позитивно. Да скапеме во мизеријата на криминалниот поредок. Тоа е планот. Од друга страна имаме прекрасна млада генерација која стои како жив ѕид пред налетот тоа лудило. Рамо до рамо со нив и целата алтернативна уметничка сцена на овој град, знаете, оние обесправени, омаловажени, брутално непочитувани и ефтино платени креатори на современата македонска жива култура. Ситуација НИЕ ПРОТИВ НИВ: повторно и повторно. Историјата ќе оцени и процени и верувајте ми, ќе биде немилосрдна.

НоваТВ: Поделени се мислењата дали Скопје низ годиниве доживува урбана еволуција или деволуција. Како Вам ви се чини , со оглед на тоа што е веќе милионски град, има ли градски идентитет или е расплинато шаренило во кое секој го наоѓа својот микрокосмос во потребната урбана оаза?

Попов: Луѓето брзаат да го кажат сопственото „мислење“, а ретко кој ги согледува нештата од историска перспектива. Од 90-тите наваму, Скопје е метропола со сите суптилни карактеристики и составни делови потребни за еден урбан конгломерат. Како сведок и активен учесник во културниот раст и раслојување на овој град повеќе од три децении, можам слободно да кажам дека Скопје денес е Њујорк за она Скопје од 80-тите години. Не баш веќе секој го познава секого, а градот изобилува со безброј микро средини полни со супстанца и автентична животна енергија. Културната (и секоја друга) понуда е неспоредливо поквалитетна и поинтензивна, без разлика дали се работи за домашен, или странски продукт. Се разбира имаме многу недостатоци, недоследности и пропусти, но Скопје е млада метропола, а Македонија млада држава. Немаме големо искуство во самоуправување и имаме многу лекции за учење. Кога би имале малку план, малку спознание за заедничкиот интерес и секако некаква културна и општествена политика, би можеле да бидеме мошне шармантно европско катче.

 

Европски пресврт, но претходно психички, духовен пресврт

 

НоваТВ: Сметате ли дека имаме сериозна закана од ретроградни движења ( и политички и културолошки) кои можат да ја загрозат европската иднина на Македонија?

Попов: Во континуитет сме жртви на ретроградни мозоци, движења и сили. Загрозувајќи ја европската иднина, ја загрозуваат и воопшто иднината на оваа држава како ентитет на солидно ниво на самоуправа. Нашите луѓе ги сфаќаат и државата и демократијата и слободата здраво за готово. Ме збунува и згрозува потполното отсуство на свест дека го живееме сонот на револуционерите кои го дале својот живот да го имаме ова што го имаме денес. Се колнеме во нив, а го газиме нивното дело. Неодговорни сме и прелесно дозволуваме да бидеме заведени од омраза, ретроградни сили и бесмислени перспективи. Мрзливи сме и недоветни. Такви размазени, прејадени, бушави, недоразбудени од пладневна дремка, се наоѓаме исправени пред сериозни предизвици. Не гледам друго решение, освен да го задржиме и унапредуваме она што го имаме: својата држава. Ни треба пресврт. Европски пресврт, но претходно психички, духовен пресврт. Би морале да почнеме да се сакаме себе си. Другото само ќе си дојде.

Ана Василевска

 

 

 

министерство за култура Мирко Попов МКЦ Резултати од годишниот конкурс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025

Петнаесет земји повикаа на признавање на Палестина, бараат прекин на огнот и го осудуваат Хамас

July 30, 2025

ЕУ ѝ одобри 835 милиони евра на Хрватска за реформи и инвестиции

July 30, 2025

Ројтерс / Ипсос: Рејтингот на Трамп падна на 40 отсто

July 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон: САД воведоа санкции врз преставници на Палестинската самоуправа и ПЛО

ВЕСТИ July 31, 2025

Соединетите Американски Држави денес воведоа санкции врз претставници на Палестинската самоуправа (ПА) и членови на…

Загреб: Голема воена парада за 30-годишнината од операцијата „Бура“

July 31, 2025

ФБИ пронајде илјадници тајни документи за „наводните“ врски на Трамп со Русија во 2016 година

July 31, 2025

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

July 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.