НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Бранимир Јовановиќ: Товарот на кризава треба да падне врз побогатите

0
By Биљана Секуловска on March 23, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интервју со Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, кој говори за неговите ставови за најавените  владини економски мерки. Јовановиќ нуди прецизни решенија и мерки како да се справи Владата со кризата.

Секуловска: Дали линеарна исплата (иста за сите) на минимална плата- 14.500 ден. во администрацијата е праведно решение, според најавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Има две причини зошто ви го поставувам ова прашање: 1.Има административци кои не одат на работа со години и практично се изедначени со останатите 2. Административци, функционери, пратеници, директори- кои претходно земале големи плати, и практично, тие се во исклучително привилегирана положба- доволно е да имаат заштеда и да не почувствуваат воопшто промени во стандардот

Јовановиќ: Апсолутно не е праведно решение. Не е исто да ставиш на минималец некој директор на јавно претпријатие, кој има плата од неколку илјади евра, и некој службеник кој има плата од 25.000 денари. Директорот има заштеди и може да издржи два месеца на минималец, ама службеникот нема, тој целата своја плата ја троши на основни потреби. Особено кога најплатените луѓе во државава, менаџерите со плати од десетици илјади евра остануваат нечепнати, исто како и големите фирми кои прават милионски профити. Солидарноста не значи платите на сите да се намалат на 200 евра, солидарноста значи товарот од кризата да го сносат оние кои можат, а тоа се побогатите.

Секуловска: Земање на кредити од страна на фирмите без камата не би можело да биде целисходна мерка, доколку кризата трае подолго од пропишаниот рок за исплата на рати на тие кредити. Еднакво нецелисходно е – замрзнување на кредити и кредитни картички на населението доколку кризата трае подолго од пропишаниот рок за исплата на рати на тие кредити

Јовановиќ: Не би се согласил. Поентата е дека се проценува дека кризава ќе трае неколку месеци, па затоа и помошта што им се нуди на фирмите и населението е за толкав период. Ако кризата потрае, можат и мерките да се продолжат, тоа никој не го забранува.

Секуловска: Зошто не се наметнат мерки за солидарност на богатиот слој, на бизнисмените, како во европските земји- Макрон дури најави и национализација на некои приватни компании

Јовановиќ: Се согласувам дека товарот од кризава мора да падне на грбот на побогатите. Тие се оние кои најмногу профитираат во добрите времиња, тие треба да бидат и оние кои најмногу ќе ги покриваат загубите во лоши времиња. И, додека во Франција, Италија и Германија, се зборува и за национализација на некои компании, кај нас, изгледа, ќе се национализираат само загубите на фирмите, а добивките ќе си останат приватни. Зошто? Затоа што економските политики кај нас сè уште се креирани од страна на олигарсите, а политичарите се таму само за да свираат како што тие ќе им диригираат.

Секуловска: Како ги оценувате другите мерки кои ги најави Заев вчера?

Јовановиќ: Во најавениот пакет има и добри мерки, особено би го издвоил мораториумот на извршувањето и одложувањето на кредитите, кои ќе им помогнат на доста граѓани. Слична таква мерка која сметам дека би требало да се најде во пакетот е одложување и на сметките за комуналии за граѓаните кои се погодени од кризата. Јас би ставил и општа забрана за отпуштање работници на период од два месеца. Мерката за поддршка на фирмите со 200 евра месечно по вработен исто така е во ред, ќе обезбеди директна инјекција за погодените фирми, но сметам дека фирмите треба да имаат обврска да ги вратат добиените средства доколку годината ја завршат со добивка.

Секуловска: Кои се реалните очекувања на движење на инфлација, која е многу веројатна- денарот е невозможно да се очекува да биде стабилен

Мислам дека инфлацијата во моментов не претставува некој голем ризик. Во првите два месеца од годината, таа е доста ниска, под 1%. Сега и цената на нафтата е намалена, што ќе влијае цените дополнително да паѓаат. Да, цените на одредени артикли се зголемени поради кризава, но, севкупно, мислам дека инфлација не треба да очекуваме.

Јовановиќ: Девизните резерви се на задоволително ниво, околу 3 милијарди евра. Дополнително ќе се зголемат поради најавеното задолжување во странство од околу 600 милиони евра. Можно е малку да се намалат во периодот кој следува, поради намалениот нето извоз, но државава без проблем може да издржи неколку месеци.

Секуловска: Кои се очекувањата, колкави ќе бидат економските штети- краткорочно и долгорочно

Јовановиќ: Никој не може со сигурност да знае колку ќе трае кризата и какви ќе бидат ефектите. Има и еден виц за економистите, дека тоа се луѓе кои утре ќе знаат зошто прогнозите кои ги направиле вчера нема да се реализираат денеска. Но, во моментов, скоро сите меѓународни организации и институции очекуваат дека кризава ќе помине за неколку месеци, односно, од втората половина на годината се очекува стабилизација. Да, вториот квартал од годината ќе биде лош, ќе има пад на економската активност во можеби сите светски економии, но потоа се очекува заздравување, и сепак раст на БДП за цела година. За нас, конкретно, единствената институција која излезе со проекција за економскиот раст по корона-кризава е Виенскиот институт за меѓународни економски студии, кој пред некој го намали растот за 2020 од 3,3% на 1,7%. Тоа значи дека ефектите од кризата се проценуваат на 1,6% од БДП, т.е. на околу 180 милиони евра. Се разбира, доколку кризата потрае и продолжи и во третиот квартал на годината, ефектите би биле поизразени.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.