Интервју со Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, за најавените економски мерки од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Хајредини нуди прецизни решенија и мерки како да се справи Владата со кризата.
Секуловска: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во име на СДСМ, предложи повеќе економски мерки кои Владата требало да ги усвои, како одговор на последиците од пандемијата Ковит-19. Која е вашата првична оценка?
Хајредини: Не е тоа како што слушаме и читаме– мислам на фактот што слушнавме критики дека не смее да Заев да предложи мерки во иеа на Партијата, затоа што е претседател на Партија. Меѓутоа, не се во право тие што упатуваат такви криитки, он е претседател на најголемата партија на власт и кадрите на неговата партија ја водат Владата. Според тоа, он е најдоговорен пред граѓаните на Македонија за тоа кои мерки ќе ги предложи и кои ќе бидат резултатите и последиците на тие мерки.
Инаку, мерките бидејќи се димензионирани врз база на прогнозата дека кризата може да биде 2-3 месеци, се оптимални. Меѓутоа, очигледно ситуацијата се усложнува, имајќи предвид дека болеста се шири со една опасна прогресија.
Денес слушаме дека најголемата сила во светот, економска сила, САД- дошла во ситуација наскоро да биде епицентар на кризата. Просто човек да се плаши од таму кај што сме гледале сигурност- во секој смисла – економска, науучна, техничка, технолошка- дека дошла во ситуација да не е во ситуација да се справи со последиците.
Се надевавме дека ќе се смири ситуацијата, кога сега слушаме дека во Италија бројот на мртвите е над 900. Ова го наведов затоа што било кои мерки да ги анализираме, нивните ефекти, позитивни, ако ситуацијата ескалира и натаму, сите тие мерки ќе бидат занемарливи.
Можат два месеца сите вработени да земат мининална плата, само дали е можно да се издржи ако тоа трае на неопределно време.
Значи, се заканува опасност на дестаблизација на буџетот. Вчера и завчера беше многу загрижувачки кога Заев прогнозираше дека ќе се намали приливот на приходи во буџетот. Тогаш веќе не помагаат овие мерки- не значат ништо.
Финансискиот систем е како врзани садови. Ако се јавуваат проблеми во буџетот, а Владата со буџетот е најголемиот економски субјект во државата, затоа што располага и со нејмногу пари. Кризата ако таму се појави, во јавните финансии, веднаш ќе се одрази и во банкарскиот систем и тоа може психолошки да влијае кај населението и да се дестабилизираат банките. Ако се појави страв кај луѓето да ги подигаат депозитите, заштедите, затоа што не се во состојба да ги покриваат тековните трошоци, тоа би предизвикалп масовна психоза на несигурност.
Секуловска: Значи ли тоа дека некои од даночните мерки што ги предлага, засега, СДСМ не се потребни?
Хајредини: Се што сега предлага е потребно и оправдано. Зборот ми е дека тие се конципирани за краткотрајна помош. Постојано укажувам дека ја губат вредноста, довербата во мерките, затоа што премногу е оптимистично да се прават сценерија за два или три месеца. Треба веднаш- предлагам- да се изработат и други сценарија. Владата да е подготвена за ситуација доколку кризата трае подолго. Тогаш Македонија не е веќе во состојба, како и други земји слични на Македонија, да се извлечат од сериозни последици. Тоа што значи- дека треба да биде уште веднаш да се бараат потенцијални извори на пари од надвор. Освен овие најавените 500 милиони евра, кои исто така не се знае кога ќе бидат на располагање.
Секуловска: Каде треба да биде ставен акцентот на економските мерки?
Хајредини: Акцентот прво треба да се стави кај најзагрозените слоеви на населението. Познато е дека дојдоа најтешка ситуација работниците кои ќе мора да бидат отпуштени-угостителство, трговија на мало, на непрехранбени производи, разни други услужни дејности. Таму исто така се знае дека ќе дојдат на удар и оние што беа на минимални плати -текстилните работници, кои немаат никакви сопствени резерви.
Заев најави начелно- дека товарот на кризата да го поднесат и оние побогатите, меѓутоа не кажа на кој начин тоа ќе се прави. Смешно е однесувањето на опозицијата- не е нималку тешко да предлагаш популистички мерки, како што е на пример- да се ослободат граѓаните од обрските од државата. Сите тие што предлагаат да се изнесат пари од буџетот, треба да предложат и од каде ќе дојдат во буџетот пари, за ние да дадеме масовно на сите.
Секуловска: Најавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за лиенарна исплата на минималец во администрацијата доведе до бурни реакции во јавноста, која протестира дека станува збор за апсолутно неправедно решение, затоа што: 1. Има административци кои не одат на работа со години, а земаат плата
2. Станува збор и за административци, политичари, функционери, директори, пратеници, кои претходно земале исклучително големи плати, и практично, тие се во привилегирана положба- доволно е да имаат заштеда и да не почувствуваат воопшто промени во стандардот, додека првата категорија ќе биде уште повеќе финансиски осиромашена и понижена
Хајредини: Сигурно оваа мерка забораваат или сакаат да заборават дека Заев ја предложи за два месеци.
Потребно е Владата веднаш да изготви предлог на тие аномалии што сме биле сведоци- неправедно високи плати на администрацијата- сега треба да се искористи приликата- да се корегираат и да важат на неопределено време. И никогаш да не се повторат. Сега е моментот.
Второ- ние сме имале феномени што ги нема во светот. Илјади луѓе земале плата и не оделе на работа десетина години. Феномен што го нема никаде. Каков безобразук- се бара тоа да продолжи, да не се задира во тоа. Партија која е претпладне на власт, а попладне соработува со опозицијата- која всушност и не е опозиција, затоа што има свои претставници во Владата.
И двете партии- ДУИ и ВМРО најавуваат, а никаде не објавуваат свои партиски програми. Треба да се обезбеди, ако сака Владата- соработка меѓупартиска, само на техничко ниво. Да се состанат технички тимови кои ќе ги разгледаат мерките Владата што треба да ги усвои.
Секуловска: Сметате ли дека земање на кредити од страна на фирмите без камата може да биде праведна мерка, доколку кризата трае подолго од пропишаниот рок за исплата на рати на тие кредити– во тој случај, колапсот на стопанството ќе доведе и до невозможност тие кредити да се платат
Хајредини: Банките ќе мора да водат сметка да не ги дестаблизираат своите биланси. Има граници до каде банката може да попушта, и со тоа ја намалува својата добивка. Тоа се пресметува прецизно. Јас се надевам дека банките, во соработка со Народната банка такви мерки ќе поддржат, само тука има одредени лимити до каде можат банките.
Секуловска: Стравувањата кај граѓаните се однесуваат на најавеното замрзнување на кредити и кредитните картички, кои буквално, голем дел од нив, живеат, функционираат на тој начин. Стравот се темели на можноста кризата да трае подолго од пропишаниот рок за исплата на рати на тие кредити и картички и практично во многу краток рок да се предизвика финансиски колапс на мнозинството население.
– Тука треба да се најде рамнотежа меѓу колапс на населението и колапс на банките. Такви податоци имаат банките. Самите банки немаат интерес за колапс на граѓаните- директно се одразува, предизвикува колапс на банките. Кои се можностите на тие релации- банките сега ќе ја прилагодат својата деловна политика според реалната состојб кон нивните коминтенти- и како корисници на кредити и како штедачи, или депозитари.
Секуловска: Зошто не се наметнат мерки за солидарност на богатиот слој, на бизнисмените, како во европските земји- Макрон дури најави и национализација на некои приватни компании. Како компаративно може да се анализираат мерките на западните земји и најавите за Македонија?
Хајредини: Јас прв повикав пред една недела дека како сигнал на општествена одговоност на банките и на поголемите попроитабилни компании, приватни, самите да издвојат средства од остварените добивки и да ги стават во некој фонд кој би бил користен за гаснење на пожар, односно да се помагаат тие најзагрозени семејства.
Инак,у околу денационализација- Владата е во голема предност за мерките, затоа што таа во свои раце ја има законодвната власт-нема Парламент. Некои мерки може лесно да донесе, само во рамките, согласно Уставот.
Секуловска: Кои се реалните очекувања на движење на инфлација, која е многу веројатна- денарот е невозможно да се очекува да биде стабилен
Хајредини: Од она што ја слушнав гувернерката, мерките што таа ги најави- прогнозира дека нема да дојде до дестаблизација на курсот, на денарот. Јас мислам дека треба да се следи прогнозата на гувернерката. Никој не е поинформиран од неа. Само се се сведува колку ќе трае кризата. Чувме дека Виенскиот институт драстично ја корегираше стапката на раст од над 3 на 1,7.
Секуловска: Дали очекувате печатење на пари, намалување на девизните резерви?
Хајредини: Нема основа за такви мерки.