Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со полковник Петре Кочов: Талибанците се како „коалиција“ на партнери кои денеска се сојузници, а утре може да бидат противници

0
By Sashko on August 21, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: youtube/printscren
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова ТВ: Како ја објаснувате актуелната безбедносна ситуација во Авганистан?

Полковник Кочов: Моментната безбедносна состојба во Авганистан е крајно драматична, непредвидлива и ескалира од ден во ден. Експресниот напредок на Талибанците ги сруши сите аналитички предвидувања за состојбата во Авганистан по повлекувањето на силите на НАТО и САД. Ако пред неколку месеци се предвидуваше подготвеност на владините сили да се грижат за безбедноста на Авганистан или евентуално нивен колапс после повеќе месеци до една година, состојбата на теренот говори сосема друго. Претседателот Ашраф Гани го напушти Авганистан, а Талибанците го контролираат Кабул. Веќе е извесно дека владините сили немаат ни сили ни намера да се спротистават на Талибанците и каков ќе биде развојот на настаните зависи од намерите и постапките на Талибанците во наредниот период.

Нова ТВ: Какви ќе бидат последиците за локалното население од овој воен напредок на Талибанците?

Полковник Кочов: Во целост, премногу е да се очекува подобрување на условите за локалното население, онака како западниот свет ја разбира демократијата, основните човекови права и слободи и стандардите за живеење. Ниту подобрувања на економските услови, ниту во поглед на подобрување на човековите права и слободи. Поголемиот дел од авганистанскиот народ и досега живееше на економски минимум и со преземањето на власта од Талибанците, во најдобар случај, на Авганистан ќе му требаат години, ако не и децении, за подобрување на економската состојба. Од аспект на човекови права и слободи, Талибанците исто така не ветуваат многу. Нивното толкување на исламските закони ограничува бројни права и слободи, посебно за женската популација (како што е забрана за едукација, задолжително покривање на телото – бурка и слично).

Нова ТВ: Дали Европа ја очекува нов мигрантски бран предизвикан од оваа криза?

Полковник Кочов: Во моментот, милиони бегалци од Авганистан веќе се сместени во соседните држави и Турција, а најновите случувања во Авганистан со сигурност ќе предизвикаат уште поголем бран. Сепак, колку од тие бегалци ќе посакаат да се вратат во Авганистан по евентуално нормализирање на состојбата, а колку ќе станат мигранти кои ќе целат кон Западна Европа зависи од бројни фактори. Најпрво, многу ќе зависи од условите за живеење по преземање на власта на Талибанците во Авганистан, односно степенот на обезедени човекови права и слободи, како и од економската состојба во
Авганистан во наредните години. Сепак, дали ќе се повтори 2015 година и реките на мигранти кон Западна Европа зависи и од подготвеноста на меѓународна заедница да се справи со бегалците и мигрантите, а првенствено подготвеноста на ЕУ и Турција. Со други зборови, евентуалниот мигрантски бран зависи од поддршката која ќе се даде на Турција (првенствено економска) во насока на подобрување на условите за живеење на бегалците и евентуално “блокирање“ на мигранскиот бран на своја територија.

Нова ТВ: Дали оваа ескалација на безбедносната криза значи дека мисијата на НАТО во која учествуваме и ние беше неуспешна?

Полковник Кочов: Иако успехот на воените операции се евалуира според резултатите, не би можело едноставно да се каже дека мисиите на НАТО во Авганистан, ИСАФ и „Одлучна поддршка“ беа неуспешни. Од аспект на НАТО, целите на двете НАТО мисии во Авганистан уште од самиот почеток беа поддршка и помош на Авганистан да изгради сопствени капацитети за да може да се грижи за безбедноста. Ниту НАТО, ниту САД немаа за цел или планови за постојано и неограничено воено присуство во Авганистан. Уште поважно, мисиите на НАТО и САД во Авганистан никогаш не биле мисии само на НАТО и САД, туку мисии во содејство со властите на Авганистан и авганистанскиот народ. Во таа насока беше и трансформацијата на борбената мисија ИСАФ во 2014 година, во мисија за обука, советување и поддршка (мисијата „Одлучна поддршка“), а согласно развојот, односно зајакнување на капацитетите на авганистанските безбедносни сили и подобрување на општата безбедносна состојба. Тоа не значи префрлање на одговорноста за неуспехот на Авганистан, но НАТО и САД во изминатите две децении учествуваа со стотици илјади војници, инвестираа билиони во безбедносните сили на Авганистан и изгубија илјадници животи за исполнување на целите на мисиите и поддршка на Авганистан и авганистанскиот народ. Одговорот за повторното враќање на власт на Талибанците треба да се бара во неможноста на властите на Авганистан да ја контролираат сопствената територија и покрај огромната поддршка на НАТО, САД и меѓународната заедница во целост, во изминатите 20 години. Одговорот треба да се бара во високо деморализираните авганистански безбедосните сили да се борат за сопствената земја, иако побројни и подобро вооружени и обучени од Талибанците, без разлика дали причините за истото се високиот степен на корупција на авганистанските централни, локални и безбедносни власти или друго.

Нова ТВ: Зошто беше неопходно да се повлече НАТО од Авганистан?

Полковник Кочов: Повлекувањето на НАТО и силите на САД од Авганистан беше извесно од самиот почеток на операциите во 2001 година и беше само прашање на време беше кога грижата за сопствената безбедност ќе ја преземе Авганистан и властите во Авганистан. Во таа насока одеа и трансформациите на мисиите на НАТО до целосно предавање на одговорноста на авганистанските власти. Во таа насока одеа и преговорите на сојузниците, авганистанските власти и Талибанците во изминатите години. Тоа што НАТО и САД се повлекоа од Авганистан во 2021 година е само техничко прашање и дел е од договорот со Талибанците во 2020 година. Конкретно, во февруари во 2020 година, САД и Талибанците постигнаа билатерален договор за повлекување на силите на САД и меѓународните сили од Авганистан (со знаење на авганистанските власти), во замена за гаранции дадени од Талибанците да не дозволат користење на територијата на Авганистан за закани и напади на САД и сојузниците од страна на терористички организации.

Нова ТВ: На што се должи очигледната воена супрериорност на Талибанците во однос на безбедносните сили на Авганистан кои беа обучувани и опремувани од земјите членки на НАТО?

Полковник Кочов: Воената супериорност на Талибаните, пред сè, се должи на начинот на војување, односно герилскиот начин на војување. Во текот на изминатите две децении Талибанците дејствуваа првенствено локално, со високо мобилни мали единици и со поголема или помала поддршка од локалното население. Тие во ниту еден случај немаа потреба од голема или организирана логистичка поддршка, централизирана хиерархија, командување и контрола, онака како функционираат воените или полициските формации, вклучително и безбедносните сили на Авганистан. Спротивно, безбедносните сили на Авганистан настојуваа да ја контролираат територијата преку контролни пунктови, воглавно во и околу урбаните места на живеење и правците на снабдување. На тој начин им овозможија на Талибанците контрола на големи територии од каде и беа главните извори на снабдување на Талибанците, преку шверц на опијати, продажба на руди и минерали и слично. Во целост, апсолутно не станува збор за подобра опременост или обученост на Талибанците во однос на безбедносните сили на Авганистан, туку во начинот на војување. Властите во Авганистан не успејаа да обезбедат поголема поддршка од локалното население во текот на изминатите две децении и на тој начин да ја намалат поддршката кон Талибанците.

Нова ТВ: Кои се главните извори на снабдување со оружије на талибанските воени сили?

Полковник Кочов: Авганистан со децении е во војни и на територијата на Авганистан има големи залихи на оружје и муниција уште од времето на присуство на Советскиот сојуз во земјата и како резултат на целосните колапси на неколку авганистански власти во последните три децении. Тоа всушност ја прави основата на воената моќ на Талибанците, а како што може да се види од бројните записи за Талибанците, каде преовладува вооружување од Советско потекло. Дополнително, во последните години, Талибанците имаат запленето големо количество на оружја, орудија, вооружени системи, оклопни возила и друга опрема и муниција од безбедносните сили на Авганистан (од кои одреден дел од западно производство), а посебно со напуштање на позициите и предавањето на безбедносните сили на Авганистан во последните месеци. Сепак, не се исклучуваат набавки и шверц на ново вооружување и опрема од Талибанците од странство.

Нова ТВ: Кој ги обучува и вооружува Талибанците?

Полковник Кочов: Главната предност на Талибанците низ годините е герилската војна и познавањето на условите и теренот во кој дејствуваат. Тоа им овозможи изведување на успешни операции со основно познавање на воените тактики и вооружувањето (а што не е проблем за Авганистанците со оглед на нивната повеќедецениска инволвираност во војни). Сепак, евидентно е присуство и на обучени офицери во нивните редови, искусни борци кои војувале уште во Советско време, воени и полициски офицери – поранешни припадници на владините сили на Авганистан, како и странски борци, платеници и поранешни припадници на странски армии. Истовремено, информациите говорат дека извесен број од талибанските борци, исто така, се обучувани во странство. Во тој контекст се и последните операции на Талибанците на поврзување на нивните операции со фокус на преземање на граничните премини и правци на снабдување на владините сили, а за што е потребно повисоко ниво на воена едукација и знаење.

Нова ТВ: Што значи овој пресврет за стабилноста на центрaлна и јужна Аззија?

Полковник Кочов: Со доаѓањето на власт на Талибанците во Авганистан, геополитички пресврти во централна и јужна Азија се очекувани. Најпрво, влијанието на САД и западните сили во регионот значително ќе се намали, што истовремено ќе овозможи услови за зголемување на влијанието на другите светски сили опоненти на САД и Западна Европа, посебно соседна Кина и Русија. Доаѓањето на власт на Талибанците исто така дополнително ја зголемува неизвесноста и можноста за дестабилизација и радикализација на подржувачите на Талибаните во соседните муслимански земји. Големиот бран на бегалци од Авганистан и потенцијални хуманитарни кризи дополнително ќе ја обремени состојбата во централна и јужна Азија.

Нова ТВ: Кој е лидер на Талибанците и дали имаат обучени офицери?

Полковник Кочов: За Талибанците во Авганистан не може да се каже дека претставуваат монолитна организација со прецизно воспоставена хиерархија, туку повеќе наликуваат на „коалиција“ од верски, политички и воени лидери, кланови, семејства и локални команданти и нивните следбеници и соборци со различни цели и мотивации. Оттука, тешко би можело да се посочи еден лидер на Талибанците во Авганистан и уште потешко колкаво влијание истиот би имал на Талибанското движење во целост. Во моментот, повеќе имиња се споменуваат како дел од високото раководство на Талибанците, како што се врховниот верски лидер Мула Хаибатулах Акунџада, политичкиот лидер Мула Абдул Гани Барадар, воениот лидер Мула Јакуб (син на еден од основачите на Талибанското движење, Мула Омар), лидерот на Хакани движењето, Сирајаудин Хакани и други. Сепак, историјата на Авганистан докажува дека авганистанските кланови, племиња и локални лидери (па дури и владини претставници и локални команданти), често знаат да ги сменат „страните“ во зависност од нивните интереси. Тоа подразбира довчерашните коалициони партнери, утре можат да станат непријатели и обратно. До кога заинтересираните страни на Талибанското движење ќе останат заедно, зависи од јачината на заедничките интереси. Како што повеќето коалиции се распаѓаат по исполнување на целта, голема е веројатноста и досегашните талибански соборци да се разделат по освојување на власта во Кабул.

Автор: Борјан Јовановски

Авганистан интервју Македонија Полковник Петре Кочов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.