Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Северџан Бајрам-Германците се кладеле дали е професионален актер, Моника Белучи го бакнала и го пофалила дека е одличен

0
By Ана Василевска on September 4, 2021 КУЛТУРА
Северџан Бајрам (лево), Столе Попов (десно)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од неговата биографија не е професионалното актерско образование, но како натуршчик во последниве 25 години, оствари впечатливи улоги во филмовите на режисерите како Столе Попов и Емир Кустурица. Играше покрај, Мики Манојловиќ, Моника Белучи, Сергеј Трифуновиќ, Лазар Ристовски но како што вели останал скромен и посветен на семејството. Веста дека е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Друштвото на филмски работници на Македонија ја доживеал со огромна радост и за него таа претставува македонски „Оскар“. Северџан Бајрам е непосреден човек кој вели дека во животот е најважно да бидеш на страната на вистината и добрината, да веруваш дека со посветена работа ќе го добиеш тоа што го заслужуваш. Неговата филмска приказна почнува пред почетокот на снимањето на филмот „Џипси Меџик“ (1997).

Од вработен во „Тутунскиот комбинат до главна улога во „Црна мачка, бел мачор“ на Емир Кустурица

„Ме открија чичко Столе и сценаристот Владимир Блажевски. Во Шуто Оризари имаше аудиција за филмот „Џипси меџик“. Претходно имав играно во аматерски театарски претстави но за филмот не знаев речиси ништо, ниту што е костимограф, ниту сценограф, ниту снимател. И судбината така сакала, меѓу последните 13 фотографии од аудиција за кастингот и избор за кој ќе игра во филмот, тие се одлучија за мене. Требаше да отсуствувам од работа во „Тутунскиот комбинат“, но за среќа директорот имаше разбирање за уметност и ме ослободи за снимањето со денови од одмор.

Ова искуство беше неверојатно. Филмот се монтираше во Германија и ми кажаа дека таму монтажерите се кладеле во 10 марки дека сум професионален актер, и сите изгубиле. Не верувале дека сум натуршчик.

Северџан Бајрам и Емир Кустурица

Само три месеци по завршувањето на снимањето на овој филм, кастинг менаџерот Бобан Дедеиќ ме предложи за филмот „Црна мачка, бел мачор“ (1998) на Емир Кустурица. За жал бидејќи сцените кои требаа да се снимат на голема река, (оние со шверц на цигари на бродот) не можеа да се рализираат на реката Вардар, па така филмот не се снимаше кај нас. Но, со четири автубуси бевме однесени на аудиција кај Кустурица. Клучно беше што во овој филм можев да зборувам ромски и уште повеќе можев да се ослободам во глумата. Кога слушнав дека ја добив главната улога не можев да верувам, ова за мене значеше отскочна даска за натамошната кариера“, раскажува Бајрам.

Не сакал да се двои од семејството, Кустурица платил престој и за жаната и за децата

„За време на снимањето ми недостасуваше семејството. Во една прилика Кустурица ми вика, ајде земај го пасошот утре патуваме за Италија. По два месеци поминати на сет, имав криза, ме фати носталгија за дома и го замолив да отпатувам да ги видам жената и децата. Тој не се двоумеше, и ми рече нека се спакуваат и нека дојдат. Иако самиот сакав да платам, тој ги подмири трошоците за сите. Емир е прекрасен човек со кого сме одлични пријатели и во постојана комуникација. Не сум сретнал таков режисер што има толку големо разбирање. Има соколово око, и секогаш можеш да комуницираш со него, за сценариото или за текот на снимањето, односот ни е феноменален“, вели Бајрам.

 Филмската дива Моника Белучи го бакнала на снимањето на „На млечниот пат“ (2016)

„Кога бев повикан да играм во филмот „На млечниот пат“ и кога слушнав дека ќе игра Моника Белучи, имав трема. За време на снимањето таа ми кажа дека слушнала многу добри зборови за мене. Рече дека е очигледно колку сум скромен и посветен на работата,  тогаш и ме бакна“, срамежливо раскажува Бајрам.

Северџан Бајрам на снимањето со Моника Белучи

За Бајрам етничките и религиски поделби меѓу луѓето се најголема глупост.„Човек што има верски и расни предрасуди е глупав. Исто како што сум бил меѓу големи филмски ѕвезди, имам пријатели занаетчии. За мене не постои друга поделба од онаа дали некој е добар или лош. Мојата религија, исламот, ме научи да ги почитувам останатите, да не се поставувам над никого.“, вели Бајрам.

 На најголемата ромска населба во Европа и треба Центар за култура

Според Бајрам во Шуто Оризари има многу талентирани деца и за глума и за музика но немаат каде да го покажат својот талент.

„Жал ми е што државата не вложи во културниот развој на Шутка. Сум сретнал многу талентирани млади луѓе кои немаат можност да покажат што знаат. Големи имиња како Ферус Мустафов, Есма Реџепова и јас дадовме значаен придонес за македонската култура и мислам дека треба да се вложи во ромската заедница и нејзиното описменување и културен развој. Се направија невладини организации но никој не посвети доволно внимание на културата“, вели Бајрам.

Улогата во серијата „Преспав“ и идни актерски планови

Меѓу новите актерски остварувања му е улогата во „Железна приказна“ (Iron Story, 2017) на Златко Калеников каде што игра со Јелена Јованова. По оваа улога повторно ќе се сретнат со Јованова во серијата „Преспав“.

„Ми беше чудно кога една професионална глумица како Јелена Јованова беше возбудена дека ќе игра со мене. На мене својствен начин, низ шега ја опуштив и излезе одлично. По овој филм се сретнавме повторно во „Преспав“. Мислаам дека по осамостојувањето на државата, серијата „Преспав“ е најдобар телевизиски производ, ни недостигаат повеќе серии и заради поголем ангажман на актерите. Што се однесува до тоа какви филмови сакам да гледам, тоа се секако акциони трилери со добар заплет.“, вели Бајрам.

Иако очекувал,  никогаш не ја добил наградата „Златна бубамара“. Се надева дека еден ден ќе игра позитивен лик во некој голем филм со историска тематика.

Бајрам наградата со која се оддава признание за исклучителен придонес за македонската кинематографија, ќе ја прими на 16 септември во Битола на ИФФК „Браќа Манаки“.

Северџан Бајрам (1966, Скопје), е филмски актер-натуршчик со интернационална кариера, познат по филмовите „Џипси меџик“(Gypsy Magic, 1997), „До Бачак“ (To the Hilt, 2014) на Столе Попов, „Црна мачка, бел мачор“ (Black Cat, White Cat, 1998) и „На млечниот пат“ (On the Milky Road, 2016) на Емир Кустурица, „Како убив светец“ (How I killed the saint, 2004) на Теона Стругар Митевска, „Трето полувреме“ (The Third Half, 2012) на Дарко Митревски,  „Случајна сопатничка“ (Accidental Co-Traveller, 2004) на Среќко Јурдана, краткиот игран филм „Железна приказна“(Iron Story, 2017) на Златко Калеников, „Виа Карапатиа“  (2018) на Каспер Бајон и Клара Кочанска (Kasper Bajon, Klara Kochanska)… Учествувал во долгометражниот документарен филм „Книга на рекорди на Шутка“ (The Shutka Book of Records) на Александар Маниќ, неколку сезони настапуваше во ТВ серијалот со неговиот алтер его Доктор Кољо, како и во 4 сезони од ТВ серијата „Преспав“.

Ана Василевска

емир кустурица моника белучи Северџан Бајрам филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.