Лацио е домаќин на Интер во дербито на 8. коло во Серија А. Натпреварот се чека со голем интерес поради враќањето на Симоне Инзаги на „Олимпико“ за првпат откако стана шеф на „нероазурите“.

Шампионите се трети во поредокот со 17 бодови, додека „орлите“ заостануваат со шест бода и се на шестата позиција.

Голем проблем за Лацио и Маурицио Сари е повредата на ѕвездата и голгетер Чиро Имобиле. Медицинскиот персонал прави се што е во нивна моќ да го подигне напаѓачот за дербито. Инзаги на располагање ќе ги има двајцата Аргентинци – Лаутаро Мартинез и Хоакин Кореа, кои имаа обврски со националниот тим.

Паузата „орлите“ ја искористија за да закрепнат од тешката загуба со 0: 3 при гостувањето во Болоња. Тимот има огромни тешкотии во одбраната, бидејќи прими 12 гола од почетокот на сезоната во Калчо лигата.

Лацио и Интер излегле на двобој вкупно 178 пати. Нерозурите имаат 73 победи наспроти 49. Изиграни се 59 ремија.