Вкупно 23.664 бегалци пристигнале во Европа по море во првите 14 дена од 2016 година. Дневно во просек пристигнуваат по 1700 бегалци, информираат од ИОМ. Според извештајот 59 бегалци се удавиле во првите две недели од годината, а 11 луѓе загинале во автобуски несреќи во Турција минатата недела. Властите на Турција веруваат дека тие се жртви на криумчари со луѓе.
Ова се првите жртви годинава, откако минатата година околу 3000 бегалци ги загубија животите на Медитеранот на пат од Либија до Италија.
Според ИОМ, во средата вкупно 105 имигранти се спасени од морето во Италија. Дополнително денеска околу 450 мигранти се спасени во морето , но оваа последна спасувачка операција не е вклучена во денешниот извештај, соопштуваат во ИОМ.
Околу две третини од вкупно 153.842 бегалци кои пристигнале во Италија ,се од шест земји: Еритреја, Нигерија, Сомалија, Судан, Сирија и Гамбија.
На врвот по број на бегалци се наоѓа Сирија, а Еритреја го зголеми бројот на бегалци за 10 проценти. Сиријците главно патуваат во Европа преку Либија и Турција.




