Агенцијата за миграција на ОН (ИОМ) апелира дека за оваа година ќе бидат потребни околу 1,4 милијарди американски долари за да може да одговори на потребите на над 80 милиони луѓе кои се раселени во 50 земји во светот. Овие фондови кои се од витално значење се за помош на лицата раселени надвор од границите на нивните земји, мигранти, бегалци и заедници кои ги посетуваат, луѓето кои се враќаат во нивните области и тие кои се соочуваат или се опоравуваат од конфликт и природни катастрофи.
“Светот се соочува со покомплексни итни случаи од кога и да е порано, со милиони мажи, жени и деца кои се борат да преживеат. Само во однос на внатрешно раселување, поради конфликти и природни непогоди, повеќе од 31 милион луѓе беа ново раселени во 2016 година, вклучувајќи ги милионите кои веќе живеат долго време раселени“, рече Мохамед Абдикер, директор на операции за итни случаи на ИОМ, со седиште во Женева, Швајцарија.
Во овие средства се опфатени планираните активности за спречување и подготвеност на кризи, одговор при катастрофи, транзиција и закрепнување, порачуваат од ИОМ.
“Хуманитарната активност на ИОМ има за цел не само да спаси животи, туку и да им помогне на засегнатите заедници да се стабилизираат, да бидат флексибилни и да најдат решенија. Без разлика дали се раселени од суша во Сомалија или се вратени дома во неодамна ослободено населено место во Мосул, се од локалната заедница во Коза Базар од каде има над 800.000 бегалци од племето Рохинга, милиони луѓе имаат потреба не само од итна помош и заштита, туку од иновативна поддршка која им помага да се вратат на нозе, поотпорни отколку што беа порано. Ова е цел на ИОМ за 2018 година “, рече Абдикер.
Повеќето од потребите за финансирање на ИОМ се координирани или се во рамките на меѓуагенциските планови за хуманитарни акции специфични за земјата или се планови за реакција на регионални бегалци. Барањата за хуманитарно финансирање на ИОМ можат да се променат во текот на 2018 година, соопштуваат од Организацијата. Хуманитарната помош на ИОМ, во 2017 година изнесуваше 1,1 милијарда долари.




