Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИПАРД инфо денови за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси

0
By Biljana on July 24, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 24, 2021 11:01

Платежната агенција денеска соопшти дека од понеделник почнуваат ИПАРД инфо деновите посветени на мерката 7: „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Предвидено е ИПАРД инфо деновите да се одржат во поголем број населени места, а првите се планирани за 26 јули во Кочани и Берово.

„Сите заинтертесирани земјоделци, физички и правни лица, микро и мали претпријатијa, како и задруги, од Кочани ќе може да дојдат во 11 часот во Мултикултурниот центар во Кочани, за да се информираат околу деталите и можностите што ги нуди оваа мерка. Веќе од 14 часот караванот посветен на публицитет на ИПАРД програмата се сели во Бизнис инкубаторот во Берово каде што заинтересираните страни ќе може да учествуваат во работилницата за ИПАРД, а претставниците на АФПЗРР и на ТУИ ќе може да им помогнат во добивање на сите одговори околу можноста и начинот да се креираат квалитетни апликации за добивање на средства од мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси”, информира Агенцијата.

На овој Јавен повик, отворен до 22 август 2021 година, може да се поднесуваат барања за користење средства за алтернативно земјоделско производство, производство на прехранбени производи и пијалоци (алкохолни производи од овошје и пиво, колачи, тестенини и пекарски производи, чај и билни екстракти, зачини и билки, слатководна риба, ракови и мекотели и други производи кои не се наведени во Листата од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ, производство на непрехранбени производи, занаетчиски дејности (согласно Правилникот за определување дејности кои можат да ги вршат занаетчиите), услуги во земјоделството, развој на услуги за руралното население и промоција на руралниот туризам.

-Како корисници на мерката 7 се прифатливи и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија. Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65 отсто од вкупните прифатливи трошоци. Проектираниот буџет за оваа мерка е 9,6 милиони евра, со можност за негова екстензија. Ова се сериозни средства кои ќе имаат директен импакт врз развојот на постојните, како и отварањето на нови мали и микро претпријатија кои се мотори на домашната економија. Главната цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво, истакнува Платежната агенција.

Сите информации и потребната документација за овој повик може да се најдат на веб страницата www.ipardpa.gov.mk.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.