Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИПИС на Влајко, омилениот зачин во изборните манџи на пропагандната кујна на ВМРО – ДПМНЕ

0
By Marija Todorovska on April 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2024 14:29

ДРАГАН МИШЕВ / Цивил Медиа

Анкетите наместо да бидат барометар за пулсот на граѓаните, дел од партиите ги искористат за влијание врз гласачите. Особено ако анкетите им ги изработува Владимир Божиновски-Влајко, координатор на Центарот за истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) кој денес се декларира како независен аналитичар.

А во минатото?

Во прислушуваните разговори кои само го потврдија она во што јавноста се сомневаше со години, за изборните манипулации за парламентарните избори во 2011 година, тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во еден разговор за Божиновски вели дека тој имал еден куп нарачки, цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ му бил на грб. Но, и дека ветил оти на толку работа, ќе ја повтори ако треба анкетата за четвртата изборна единица, каде што од необјаснети причини паѓал рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред изборите.

Од друг објавен разговор, дознаваме дека тогашниот министер за ранспорт и врски, Миле Јанакиевски, најмногу го изнервирало тоа што анкетите на Центарот за истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) на Владимир Божиновски, пред изборите, покажувале дека паѓала поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

„Ме попари. Ушите ми зујат, срцето ми тропа. Најмногу се работи таму. Ај да купев зграда во Прилеп или со ‘мерцедес’ или со џип да се возев, па да падне толку рејтингот, вака нема логика“, вели Јанакиески.

Божиновски го тешел дека можеби е направена некоја грешка и дека ќе ја повтори анкетата.

„И јас се изнервирав. Сега оваа недела најјако што можете“, му вели Божиновски на Јанакиески.

Тогашните анкети на Божиновски предвидуваа дека на изборите ВМРО-ДПМНЕ би добила 52,53 пратеници, а партијата доби уште повеќе пратеници, односно 56.

Божиновски останува запаметен и по учеството во специјалната емисија „Анкета: Кој ќе победи на локалните избори во Скопје“ (спроведена од „М Проспект“ од 23 септември до 2 октомври 2017) во студиото на ТВ Телма, каде неколку аналитичари, меѓу кои и Божиновски, се изјаснија дека „состојбите изгледаат прилично изедначено“ и дека „можеме да очекуваме доста неизвесна битка“ – според Сашо Клековски, сега веќе член на Извршниот одбор на ВМРО – ДПМНЕ; „оваа разлика од 2,5 % што ја проектира нашата анкета ( безмалку со сигурност кажува еден факт, а тоа е дека ќе има втор круг… не гледам како може некој од кандидатите да има двоцифрена предност, значи од некои 10 % за да победи во прв круг“ -според тогашниот директор на Телма, Атанас Кировски, додека Владимир Божиновски ( независниот аналитичар, нели) ќе изјави: „Ова е во рамки на статистичка грешка резултатот, прво, со сигурност – не најверојатно, него со сигурност ќе има втор круг во Скопје…“.

Резултатите на локалните избори за Скопје покажаа дека процентите на анкетите и проценките на аналитичарите беа сосема промашени и Петре Шилегов убедливо победи уште во првиот круг.

Но тоа не ги поколеба традиционалните корисници на услугите на Божиновски да го ангажираат пред секои наредни избори. И за тоа дебело да го платат.

Така, според документите што ги објави новинарската истражувачка мрежа БИРН во 2017 година, повеќе од  600.000 евра од три државни институции има земено Институтот за политички истражувања (ИПИС) во периодот од 2011 до 2017 година за истражување на јавното мислење. „Овој институт во јавноста често беше застапуван преку Владимир Божиновски – Влајко, кој во јавните настапи редовно ги бранеше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите на ИПИС за рејтингот на политичарите секогаш одеа во нивна корист “,се вели во анализата на БИРН.

Најновиот скандал околу нарачаните анкети кој го пласира ПорталиХ, упатува на тоа дека овие практики не останале во минатото, туку дека се дел од реалноста и на овие избори. Ако се докаже дека документите кои истекоа во јавноста се веродостојни, главен креатор на „креирање на предизборното расположение“ преку фингирани анкети за потребите на партиската кујна, е омилениот зачин за изборни манџи на ВМРО-ДПМНЕ, агенцијата ИПИС на Владимир Божиновски – Влајко.

Текстот е личен став на Авторот.

Божиновски ВМРО ДПМНЕ Ипсис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.