Најмалку 20 луѓе загинаа а повеќе од 35 се повредени во самоубиствен бомбашки напад и престрелка на полициска станица во Киркук, северен Ирак.

Како што јавува Си-Ен-Ен, министерот за внатрешни работи изјавил дека бројот на жртвите е поголем: 30 мртви и 70 повредени, а меѓу повредените е и шефот на полициската станица која била цел на нападот.

Во хаотичната состојба после нападот се уште не може да се прецизира точниот број на жртви. Засега, никој не презел одговорност за нападот.