Околу 60 луѓе, меѓу кои и 20 деца, биле убиени во вчерашен израелски удар врз станбен комплекс во Техеран, објави иранската државна телевизија.
Амбасадорот на Иран во Обединетите нации во петокот изјави дека вкупно 78 луѓе се убиени, а 320 се ранети во првиот бран израелски напади.
Непријателствата меѓу Израел и Иран избувнаа вчера, со нападот на Израел врз постројки за збогатување ураниум и врз низа други цели во Иран, а ескалираше во текот на ноќта и утрово со четири бранови на одмазднички ракетни напади на Иран врз израелски градови. Во одмаздничките удари, според израелските медиуми, загинале тројца луѓе, а 74-ца се ранети.
Техеран ги повика своите граѓани да се обединат во одбрана на земјата, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика да се побунат против својата влада.