Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иран призна голема штета на нуклеарните постројки

0
By Zoran Ivanov on June 27, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 27, 2025 18:19

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи призна дека иранските нуклеарни постројки претрпеле „значајна и сериозна“ штета во неодамнешните американски и израелски напади.

Арагчи за државната телевизија изјави дека Иранската организација за атомска енергија во моментов го проценува обемот на уништувањето.

Само неколку часа претходно, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи порача дека нападите не ја попречиле иранската нуклеарна програма. Со тоа одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека со бомбардирањето се „целосно уништени“ три нуклеарни објекти. Хамнеи тврди дека нападите не „постигнале ништо значајно“.

Хамнеи го обвини Трамп дека ги „преувеличил“ ефектите од бомбардирањето и прогласи победа над САД и Израел. Сепак, изјавите на Арагчи даваат поинаква слика.

Првите разузнавачки податоци што ги добија европските влади укажуваат на тоа дека иранските залихи на високо збогатен ураниум во голема мера останале недопрени по американските напади на главните нуклеарни постројки, изјавија вчера двајца функционери.

Според тие информации, залихата од 408 килограми ураниум збогатен речиси до ниво потребно за изработка на нуклеарно оружје не се наоѓала во Фордо, една од двете клучни ирански постројки за збогатување, во моментот на минатонеделниот напад. Материјалот, како што се наведува, претходно бил распореден на повеќе локации.

Истите извори наведуваат дека европските влади сè уште чекаат детален разузнавачки извештај за вистинскиот обем на штетата во Фордо, постројката која е изградена длабоко под планина во близина на светиот град Ком. Според една рана проценка, штетата е „обемна, но не и целосна – структурата не е уништена“.

Иранските власти порачаа дека залихите на ураниум биле преместени пред американското бомбардирање, кое следеше по повеќедневните израелски напади на цели во Иран.

 

иран штета нуклеарни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.