Иран денеска постави санкции за 15 американски компании, со наводи дека тие поддржуваат тероризам, репресија и ја поддржуваат окупацијата на Израел на земјата на Палестинците.
Санкциите се толкуваат како одмазда за санкциите кои претходно на Иран му ги постави САД.
На листата се наоѓаат од една американска компанија за недвижнини па се до голем произведувач на оружје од САД.
Според соопштението на министерството за надворешни работи на Иран, санкциите им забрануваат на компаниите да формираат било каков договор со ирански фирми, како и дека нивните сегашни и идни директори нема да може да добијат визи.
Исто така се додава дека имотот на овие компании во Иран може да биде запленет.
Компаниите ги вклучуваат ITT Corp., изработувачот на ракети Raytheon Co. и United Technologies Corp., како и израелскиот контрактор за одбрана Elbit.




