Саудиска Арабија ќе се соочи со т.н”божествена одмазда”по погубувањето на својот истакнат шиитски свештеник, предупреди иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, објави ББС.
Ајатолахот Хамнеи го опиша шеикот Ал Нимр како “маченик”, кој дејствувал по мирен пат.
Демонстрантите упаднаа во амбасада на Саудиската амбасада во Техеран во саботата навечер, со палење на зградата пред да бидат спречени од страна на полицијата.
Неколку стотици луѓе повторно се собраа пред зградата денеска попладне.
Некои од демонстрантите во саудиската амбасада во Техеран фрлаа молотови коктели и камења. Четириесет лица се уапсени, соопштија агенциите.
Демонстрации имало и во источната провинција, каде шиитските муслимани се жалат на маргинализација, како и во Ирак, Бахреин и неколку други земји.
Главниот шиитски свештеник во Ирак, ајатолах Али ал-Систани го опиша погубувањето како “неправедна агресија”.
Но, Ајатолахот Хамнеи рече дека Нимр бил погубен поради неговото спротивставување кон сунитските владетели на Саудиска Арабија.
“Единствениот чин на шеикот Нимр е што отворено зборува и критикува “, напиша тој на Твитер и додаде дека “неправедно-пролиената крв на угнетениот маченик шеикот Нимр што ќе влијае брзо и одмаздата ќе се рефлектира на саудиските политичари”.
Од своја страна, Саудиска Арабија се пожали на иранскиот претставник во Ријад во врска со она што го нарече “бесрамно мешање”во внатрешните работи.
Погубувањето ги влоши долготрајните тензии меѓу двете земји од Блискиот Исток, кои ги поддржуваат различните страни во конфликтите меѓу Сирија и Јемен.
САД и ОН пак, повикуваат на воздржаност.
Во соопштението по убиствата, портпаролот Џон Кирби апелира до Владата на Саудиска Арабија, за почит и заштита на човековите права, како и за обезбедување на фер и транспарентни судски постапки.
Тој побара од Саудиска влада да дозволи мирно изразување на несогласувањето и заедно со другите држави во регионот, да ги удвојат напорите за намалување на регионалните тензии.
Шеикот Нимр ал-Нимр бил постојан критичар на сунитското кралско семејство на Саудиска Арабија, бил уапсен неколку пати во текот на изминатата деценија и претепан од страна на Саудиската тајна полиција за време на еден притвор.
Шеикот Нимр бил предводник на антивладините протести кои избија во пресрет на Арапската пролет до неговото апсење во 2012 година.
Инаку, повеќето од 47 егзекутирани од страна на властите на Саудиска Арабија се сунити осудени за вмешаност во терористичките напади поврзани со Ал Каеда во последната деценија.
Саудиска Арабија изврши повеќе од 150 погубувања минатата година, што е највисока бројка за последните 20 години.




