Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иранските активисти ја обвинија моралната полиција на Иран за напад врз тинејџерка која заврши во кома со тешки повреди на главата

0
By Ана Василевска on October 5, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Активистите во средата ја обвинија иранската полиција за морал дека нападнала тинејџерка затоа што не носела шамија во метро станица во Техеран, што довело до нејзина хоспитализација со сериозни повреди на главата. Но, иранските власти и родителите на тинејџерката рекоа дека таа била хоспитализирана поради низок крвен притисок.

Група со седиште во Норвешка фокусирана на курдските права, Организацијата за човекови права Hengaw, обвини дека 16-годишната Армита Гераванд била „нападната“ од полицијата за морал и е во кома од неделата. Друга опозициска мрежа, IranWire, соопшти дека добила информации дека Гераванд била примена во болница со „траума на главата“.

„Пред нејзиното пристигнување на метро станицата Шохада, ѝ пријдоа полициски службеници за морал и побараа да си го прилагоди хиџабот. Ова барање резултирало со расправија со полицајците за морал која довела физички да ја нападнат Армита. Таа беше турната, што доведе до нејзин колапс“, изјави за Си-Ен-Ен, вработениот во „Хенгав“, Ауер Шеки.

„По оваа конфронтација, таа успеа да влезе во метрото, но подоцна се сруши“, додаде Шеки.

CNN го објави видеото од настанот на Инстаграм, но не можеше да ги потврди информациите објавени од Hengaw и Iranwire, кои во минатото опширно ги покриваа ирански протести.

 

Од друга страна, извршниот директор на метрото во Техеран, , сепак излезе со изјава за државните медиуми во кое тврди дека, според него, немало физичка или вербална интеракција помеѓу Гераванд и членовите на неговиот персонал.

„Според нашата истрага, по прегледувањето на снимките од CCTV од моментот кога таа влегла во станицата и се качила во возот, немало вербална или физичка пресметка меѓу патниците со нив или нашиот персонал. Немаше ништо снимено на видеата“, изјави директорот на техеранското метро Масуд Дорости за државните медиуми.

Во видеото објавено на сметката на државната новинска агенција Фарс на Х, порано позната како Твитер, се гледа како група девојки влегуваат во возот на метрото. CNN не може да идентификува која девојка на видеото е Гераванд.

Некои од девојките кои влегуваа со Гераванд изгледаше дека не носат шамии. Неколку моменти подоцна, видеото покажува група девојки како ја носат Гераванд од возот на метрото, ставајќи ја на платформата на метрото додека метрото ја напушта станицата, покажува видеото.

На монтираното видео објавено на државните медиуми не може да се види кавга. CNN не можеше да ја потврди неговата автентичност

Мајката и таткото на Гераванд во интервју за државните медиуми изјавија дека нивната ќерка се чинело дека ја удрила главата откако се онесвестила од низок крвен притисок додека била на пат кон училиште. Родителите рекоа дека од видеата што ги виделе нема знаци дека Гераванд бил нападнат.

„Мислам дека рекоа дека има низок крвен притисок… пад на крвниот притисок или падна на подот… главата удри во работ на метрото, а потоа (нејзините пријатели) ја симнаа (од возот)“, рече нејзината мајка Шахин Ахмади.

„Ги проверивме камерите. Таа отиде таму… не сум сигурен… една од девојките беше пред, а една беше зад неа. Се качи во возот и падна… не знам… што се случило… дали била во несвест… се онесвестила… ја извлекле и повикале итна помош. Потоа беше однесена во болница“, рече нејзиниот татко, Ахмад Гараванд.

Не е јасно дали семејството на Гераванд било принудено да зборува за државните медиуми. Во минатото, претставници на ОН за човекови права и групи за права ги обвинуваа иранските власти дека вршат притисок врз семејствата на убиените демонстранти да дадат изјави за поддршка на владиниот наратив.

Си – Ен – Ен побара коментар до иранската влада кој не пристигна до затворањето на статијата

Тинејџерката моментално се лекува во болница во Техеран, објави агенцијата Фарс. IranWire известува дека таа се лекува во болницата на воздухопловните сили Фаџр, во посебна изјава што ја објави во средата.

Иран беше парализиран со протести по случајот со Махса Амини, 22-годишната Курдка која почина во притвор откако предходно беше уапсена од иранската полиција за морал, поради наводно неправилно носење на нејзиниот хиџаб. Смртта на Амини предизвика протести низ целата земја.

Повеќе од 300 луѓе беа убиени во повеќемесечните протести, вклучително и повеќе од 40 деца, соопштија ОН во ноември минатата година. Новинската агенција за активисти за човекови права (ХРАНА) со седиште во САД во јануари објави дека бројот на загинати е повеќе од 500, вклучувајќи 70 деца. Илјадници беа уапсени низ целата земја, се вели во извештајот на ОН во јуни, повикувајќи се на истражување објавено минатата година од нивниот Комитет за човекови права.

Новинарка Мерјам Лотфи од иранскиот прореформски весник „Шарг дејли“ отишла во болницата на воздухопловните сили Фаџр за да известува за состојбата на Гераванд, при што била уапсена во вторникот, според објавата „Шарг дејли“ на „Х“, порано позната како Твитер. Репортерката потоа била ослободена, објави медиумот.

Драган Мишев

Извор: Цивил Медиа

Иран Полиција за морал на Иран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.