Published: Monday, October 5, 2015 12:32
Денес беше доделена Нобеловаа награда за медицина за 2015 година.
Наградата годинава е поделена на два дела.
Пред се на Ирецот Вилијам К. Кампбел и Јапонецот Сатоши Омура за нивните истражувања за новата терапија против инфекциите што ги причинуваат паразитите во човечките црева и кај животните.
Освен нив, Нобеловка стана и Кинезинката Јују Ту за нејзиното откритие на новата терапија против маларијата. Ова е 12та жена која го добива ова највисоко светско признание во областа на медицината и физиологијата.
Наградата за медицина и физиологија ја отвори годинашната сезона на Нобелови награди. Во следните денови следат признанијата за други научни области, литература и мир.




