Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иронични предлог-мерки за загадувањето на Министерството за животна средина

0
By Влатко Чаловски on December 25, 2015 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 25, 2015 15:06


Со оглед на тоа што се очекува во наредните 10 дена да продолжат високите концентрации на ПМ 10 честичките во воздухот, Министерството за животна средина и просторно планирање денеска објави неколку мерки за кои рече дека ќе ги достави на усвојување во Владата.

Во соработка со единиците за локална самоуправа и министерството за образование , министерот Изаири ќе побара да се донесе одлука за започнување на зимскиот распуст за основните и средните училишта на 28 декември иако распустот официјално започнува ден потоа.

Како што информираше министерот Нурхан Изаири, во соработка со Министерството за здравство треба да се воведе мерка на сите работодавци во градот Скопје и општина Тетово да се ослободат од работни обврски хронично болните, бремените жени и лицата постари од 60 години.

Изаири ќе побара и да се зголеми фреквенцијата на автобуси и да се намали цената на билетот, што тој смета дека би било стимул за користење на градскиот превоз. Тој дополни дека меѓу другите мерки ќе предложи да се сопрат градежните активности и да се ослободат работниците кои работат на отворено.

Во рамките на министерството се предлага град Скопје и општина Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.

Министерот најави дека во рамките на Комитетот за заштита на животна средина, вечерва дополнително ќе се разговара за воведување на мерката пар – не пар за автомобилите.

Во препораките упатени до граѓаните, Изаири апелира да се користи се почесто јавниот превоз и возилата да не се користат без поголема потреба, како и тоа да не се користи прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор или гуми за затоплување на домовите.

Тој очекува Владата во рок од еден до два дена да ги усвои овие мерки.

Одговарајќи на новинарско прашање дали овие мерки се задоцнети, министерот вели тоа што мерките се предлагаат сега, не значи дека досега не презеле соодветни мерки.

Од друга страна, активистите повикуваат на масовен протест во понеделник во 17 часот пред Владата, барајќи Владата да преземе итни чекори за да се спречи загадувањето.

Активисти: Дишеме канцероген воздух, повикуваме на масовен протест во понеделник

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.