Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, за време на престојот во Република Италија, имаше средби и со дијаспората од Северна Македонија. Тие побараа од министерот Чупи да им се овозможи нова авионска нискобуџетна линија меѓу италијанскиот град Тревизо и Охрид.

Во градот Тревизо, односно во регионот Венето живеат и работат околу 25.000 граѓани од Северна Македонија, од кои половината се од југозападниот регион кој ги опфаќа населените места Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, вклучително и општина Маврово-Ростуше.