Published: Monday, November 3, 2014 10:18
Лидерите на Исламската држава се во потрага по врвен експерт од областа на нафтената индустрија кој би можел да раководи со нафтените полиња и рафинериите кои џихадистите ги одземаа во Ирак и Сирија.
Светските медиуми пренесуваат дека апликантите треба да имаат големо искуство, а неговата лојалност кон ИСИЛ никако не смее да биде доведена во прашање.
Џихадистите се подготвени да платат 225.000 долари, пишува британскиот „Тајмс“.
– Се обидуваат да регрутираат професионалци кои се идеолошки лојални, вели Робин Милс од консултатнска компанија во Дубаи за „Тајмс“. „Парите се добри но не толку добри. Менаџерите од Западот заработуваат многу повеќево Ирак од она што го нуди Исламската држава“, заклучува Милс.




